Министерот соопшти дека активно продолжува психолошката поддршка и советување на онколошките пациенти и во периодот со справувањето на коронавирусот во нашата земја.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 март, 2020 17:30

ПОЧИНА УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ОД КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА-Бројот на заболени изнесува 285 лица

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек, соопшти Министерот за здравство Венко Филипче.

Денеска во Македонија почина уште едно лице од Коронавирус. Со тоа бројот се искачи на 7 починати.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица.
Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.
Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.

Министерот соопшти дека активно продолжува психолошката поддршка и советување на онколошките пациенти и во периодот со справувањето на коронавирусот во нашата земја.

Правиме сѐ, пациентите подобро и побрзо да го надминат тој тежок период и во време на КОВИД-19. Пациентите во секое време може да се јават на тројца психолози и доктор на следниве броеви за сите прашања, совети, препораки:

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Затоа уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена!

ФИЛИПЧЕ: Не можеме вечно да живееме во карантин!

Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа...

Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.

НОВИ СМРТНИ СЛУЧАИ ВО МАКЕДОНИЈА: 35 нови случаи на ковид-19!

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19. –...

Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот, имајќи предвид дека ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица.

УНИЦЕФ донира на Македонија најнова генерација на 7 респиратори кои служат за инвазивна и неинвазивна терапијa!

Денеска ја примивме донацијата која беше обезбедена од страна на УНИЦЕФ – најнова...

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

Почина здравствен работник од КОВИД-19- нови 38 заболени!

Во соопштение испратено до јавноста Фармацевтската комора известува дека почина првиот...