Портпаролот на семејството Буш, Џим Мекграт, изјави дека поранешниот претседател починал синоќа нешто по 22 часот по локално време.
Тој помина само еден мандат во Белата куќа, но неговата популарност порасна во 1991 година во Заливската војна предводена од САД.
Осум години подоцна, неговиот син Џорџ Буш стана 43 претседател на САД.“Џорџ Херберт Вокер Буш беше благороден човек и најдобриот татко, кој би можеле да си го посакаат еден син или ќерка” , стои во објавата за смртта на Џорџ Буш -постариот , напишана од Џорџ Буш- помладиот.
Џорџ Буш постариот, беше најдолго вечниот американски претседател во историјата на Америка.
Беше хоспитализиран во април на интензивна нега, со инфекција на крвта, една недела по смртта на неговата сопруга, поранешната прва дама Барбара Буш, со која беше во брак 73 години.
Претседателот Доналд Трамп на Твитер му оддаде голема почит на колегата за „исклучителната автентичност и мудрост и непоколебливата посветеност на верата, семејството и земјата“.
Тој се приклучи на политиката во 1964, откако почна со бизнис со нафта во Тексас и стана милионер до возраст од 40 години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.