Градот Скопје денеска официјално почна со демонтажа на првата од трите галии кои се наоѓаат во коритото на реката Вардар. Поточно, се демонтира галијата кај хотелот „Холидеј Ин“, и тоа од страна на ЈП „Улици и патишта“.

Објавил: Сара Фемина | 5 април, 2021 14:13

Почна демонтирањето на галијата кај „Холидеј Ин“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар, онаа поставена во непосредна близина на хотелот „Холидеј ин“. Демонтажата ќе ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, и тоа на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство на должник во извршната постапка. Увид во активностите за отстранување на овој објект денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

– Станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на движните ствари кои што се наоѓаат внатре, а потоа демонтажа и на самата галија. Со ова, како континуитет на политиките што јас ги креирам како градоначалник, започнуваме со поизразено расчистување со криминалниот и подмолниот проект „Скопје 2014“.

Овие галии не се само надвор од здравата естетика, тие се и опасност за граѓаните на Скопје, имајќи предвид дека сите анализи што ги направи Градот од една страна, но и според студијата на УНДП, зборуваат дека галиите во коритото на реката Вардар претставуваат сериозна опасност од поплави кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани – рече градоначалникот Шилегов.

Тој се заблагодари на граѓаните за покажаното трпение, зашто заради правните постапки и процедури се доцнеше со отстранувањето на галијата.

Одлучив така да работиме, зашто ваквото отстранување на галијата нема да претставува никаква финансиска опасност за Градот, дури и отстранувањето што ќе го вршат „Улици и патишта“ ќе биде на сметка на фирмата корисник – објасни Шилегов.

Според студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти, а галиите за третина ја намалиле проточноста на реката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Имено, во оваа насока беа и неправедно квалификуваните и конструирани обвиненијата за учесниците од 27-ми Април, кои беа осудени како „терористи“, за потоа, дел од обвинетите да бидат селективно процесуирани и искористени за политичкиот пазар, кој СДСМ го направи за спроведување на анти-државните политики кои следеа и сѐ уште траат.

Левица со поддршка на семакедонскиот протест: Упaдот во Собранието беше испровоциран од влacта која го погази Уставот и законите

ПРОТЕСТОТ ЗА 27-МИ АПРИЛ ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ, ТУКУ ДА СЕ БАРА ЦЕЛОСНО...

Роден е во селото Влахи, Мелничко, Пиринска Македонија, на 31 мај 1872 година.

СЛАВА ТИ: На пат од Мелник кон Неврокоп, кај Роженскиот манастир, од заседа е убиен Пиринскиот цар Јане Сандански

Јане Сандански е врвна личност во македонското национално ослободително движење пред...

Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски објави дека ќе ја пее македонската химна на протестот на 25 април за слобода на осудените и затворени за настаните од 27 април 2017 година.

Дypлoвcки ќe ja пee xимнaтa нa пpoтecтот нa 25 aпpил зa cлoбoдa нa ycтaвобpaнитeлитe

Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски објави дека ќе ја пее македонската...

Затоа ВЕ ЗАМОЛУВАМ да ги понесете со Вас само македонските ЗНАМИЊА, ВЕ ЗАМОЛУВАМ оставете ги Вашите партиски дома овој пат.

СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ: Семакедонски протест на 25 април во 11 часот пред владата на Република Македонија

Почитувани, Ве поканувам на 25 Април (недела) 2021 година во 11 часот пред Владата на Република...