петок, 18 април 2025

MK/ EN/ DE



Собрание

Објавил: Калина Мартинска | 16 јули, 2024 17:50

Почна комисиската расправа за укинување на економските директори

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Предлог законот за здравствена заштита, кој ќе овозможи укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи го помина првиот собраниски филтер, во Комисијата за здравство.

Според образложението на министерот за здравство Арбен Таравари, со укинувањето на 40-тина директорски фунцкции, годишно ќе се заштедат околу два милиони евра, средства кои ќе можат да се пренаменат, со цел поефикасна здравствена услуга.

Фатмир Битиќи од СДСМ оцени дека укинувањето на економските директори нема да овозможи подобро здрвство, а Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ повика на разумна одлука, со цел да не се повторуваат лошите искуства од минатото.

Таравари денеска разрешува 7-8 економски директори од вкупно 14

Сепак, пратениците од албанските опозициски партии и во укинувањето на економските директори препознаа етничко прашање.

Колку ќе заштеди здравството со укинувањето на организациските директори?

Расправата на Собраниската комисија за здравство во еден момент отиде во друга насока кога Илира Даути остро го критикуваше Таравари затоа што законот го образложи на македонски јазик, а не на албански, додека пак, Илир Хасани побара еден час пауза за да го прочита законот, бидејќи како што рече истиот не бил навремене преведен на албански јазик, и тој не бил во можност да се подготви за денешната комисија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно, заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен

Мизрахи до Филипче: Заглавен сте до гуша со скандалот Онкологија

Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.