Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изврши обиколка низ улиците на Скопје и се заблагодари на сите полициски службеници кои во моментов се на терен.

Објавил: Перо Милчин | 11 март, 2021 7:23

Почна полицискиот час, Спасовски тврди дека ова е неопходна мерка за да се прекине ланецот на ширење на Ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера во 22 часот почна полицискиот час на територијата на целата држава и ќе трае до 5 часот наутро!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изврши обиколка низ улиците на Скопје и се заблагодари на сите полициски службеници кои во моментов се на терен.

Тој апелираше до сите граѓани да ги почитуваат мерките за движење.

Вечерва извршив обиколка на неколку контролни пунктови во Скопје, со цел увид во организацијата на сите потребни активности за контрола на ограничување на движењето со времетрање од 22.00 часот до 05.00 часот според одлуката на Владата, и можам слободно да констатирам дека се преземени сите потребни активности.

Нашата полиција, полициските службеници од сите организациони единици во МВР, во текот на глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, се на првата линија на превенција во заштитата на здравјето и животот на сите наши граѓани, подготвено, плански и темелно постапуваат во спроведување на мерките, а се само со една цел – што побрзо и пред сѐ, што побезболно да го надминеме ризикот по здравјето на луѓето, да ги заштитиме нашите сограѓани, да превенираме, но и да санкционираме доколку тоа биде потребно, рече министерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи.

Заев: Не размислувам за оставка

Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка. Тој во изјавата на Зијадин Села,...

На поднесеното барање за оваа точка да биде ставена на дневен ред, од присутните 108 пратеници на вчерашната седница, само 19 пратеници гласаа ЗА.

Власта и опозицијата сложно го одбија предлогот на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пратениците, поднесени уште...