Со овој градежен зафат, предвидена е целосна реконструкција на коловозот на булеварот Видое Смилевски Бато во двете насоки, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри.

Објавил: Стојче Бушин | 26 август, 2020 20:39

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот Видое Смилевски Бато, во Ново Лисиче, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до улицата Февруарски поход.

– Во изминатите две години Градот Скопје сериозно вложува во инфраструктурата во општината Аеродром – целосно ја завршивме реконструкцијата на улицата Февруарски поход, како и првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, по што почнавме да го градиме и новиот мост на Вардар, кон Ќерамидница – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Со овој градежен зафат, предвидена е целосна реконструкција на коловозот на булеварот Видое Смилевски Бато во двете насоки, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри.

Вредноста на проектот изнесува околу 27,3 милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена.

Шилегов додаде дека очекува овој булевар да биде завршен и порано од предвидениот рок и упати апел до граѓаните да покажат трпение додека трае реконструкцијата и да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ОТСТРАНЕТИ 142 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (15.01 – 20.01.2021 година) со специјалните возила пајак се...

„Поради одлуките на владите поврзани со КОВИД-19 и ограничувањата на патувањата ширум светот, 2020 година беше многу тешка година за авијацијата, следствено на тоа и за ТАВ Македонија

За 71 отсто намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид

Поради ковид-19 кризата, македонските аеродроми во Скопје и Аеродром бележат 782.876 патници,...

Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

23 отсто помалку сообраќајни незгоди во декември, вчера 53 санкции за брзо возење во Кочани, 10 неисправни возила за јавен превоз

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи...