Оваа сервисна улица ќе може да ја користат ограничен број возила, во временски интервали исклучиво од 8 до 9 часот наутро и од 14 до 17 часот, времето кога вработените влегуваат и излегуваат – рече градоначалникот Шилегов, на денешната прес-конференција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 февруари, 2021 11:50

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КЕЈОТ „13 НОЕМВРИ“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градот Скопје вчера почна со партерно уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов.

Со овој проект, партерно ќе се уреди површина од околу 12.500 квадратни метри која концептуално ќе се поврзе со околните објекти. На почетокот на активностите за уредување на овој дел од кејот денеска присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, претставници од Градскиот трговски центар и Телеком и познати стопанственици.

Градот Скопје вчера почна со партерно уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов.

Овој проект е во вредност од 88,6 милиони денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени од Буџетот на Град Скопје. Тука предвидуваме целосно ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, поставување клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и електрични столбови заради реализација на забраната за паркирање и движење по кејот „13 Ноември“. Ослободуваме повеќе место за велосипедистите и пешаците преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила, имајќи предвид дека Градот има обврска кон Телеком.

Оваа сервисна улица ќе може да ја користат ограничен број возила, во временски интервали исклучиво од 8 до 9 часот наутро и од 14 до 17 часот, времето кога вработените влегуваат и излегуваат – рече градоначалникот Шилегов, на денешната прес-конференција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кретивно

Тој објасни дека поранешни познати диви депонии во градот, Градот Скопје успеа да ги претвори во паркови, а денес истите ги посетуваат стотици граѓани кои живеат во близина. Тоа се парковите во Мичурин и во Кисела Вода, а истовремено се работи на уредување нов парк во Карпош, кој исто така порано беше позната дива депонија.

НОВ ЗЕЛЕН ПРОСТОР СЕ УРЕДУВА КАЈ МНТ

Градот Скопје и МНТ уредуваат нов зелен простор во близина на кејот на Вардар, пред...

Ова, меѓу другото, го изјави денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на на новите реконструирани простории на Одделението за управни работи Кавадарци.

Спасовски: Реновирани просториите на ОУР Кавадарци, ги подобруваме условите за работа!

 „Ми причинува големо задоволство фактот што, преку денешниов настан, односно можноста...

Во новиот парк во Мичурин во Аеродром, се засадија 520 нови листопадни и зимзелни дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија.

НОВИ ДРВОРЕДИ СО 520 ДРВЈА ВО НОВИОТ ПАРК ВО МИЧУРИН

НОВИ ДРВОРЕДИ СО 520 ДРВЈА ВО НОВИОТ ПАРК ВО МИЧУРИН! Во новиот парк во Мичурин во Аеродром,...