Во изјава за МАГАЗИН , Милошски со кратка порака, не сум виновен, ова е хајка на власта протви мене, но времето ќе покаже.

Објавил: Македонка Димкин | 25 ноември, 2020 12:03

Почна судењето на Антонијо Милошоски, долгогодишен пратеник и поранешен министер

Фото/Текст извор: ©магазин

Актуелната власт ги седна на обвинитлени клупи пред судијката Ленка Давиткова,  пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, неговиот татко Милош Милошоски и уште десетина обвинети , додека обвинетиот поранешен главен лустратор Томе Аџиев не дојде, бидејќи бил позитивен на коронавирус. Во изолација е и обвинетиот Милосим Војноски, како и адвокати.

Инаку за македонската јавност треба да се спомене дека специјалното јавно обвинителство кое пропадна поради инволвираноста во криминал а кој беше пласиран од истиот покровител на обвинителството, досега не обвини ниту еден припадник на политичката партија СДСМ. Тогаш со право мора да се напомене дека и судењето на Антонијо Милошоски е пред се политички мотивирано, поради неговите се погласни настапи против власта. 

Во изјава за МАГАЗИН , Милошски со кратка порака, не сум виновен, ова е хајка на власта протви мене, но времето ќе покаже. Од она што го дознава Магазин , Милошоски живее еден нормален живот . вози стар автомобил а за својот стан плаќа огромни кредити. Нема клузузни јахти, нема луксузни куќи, што според обвинениоето би морало да биде на дофат?

Милошоски на Фесјбук: Обвинителниот акт е компромитиран по два основи, истрагата ја почнала специјалната обвинителка Катица Јанева, која се занимавала со рекетирање, а продолжена е од нејзината другарка Фетаи, за која Држ.ревизија утврдила дека незаконски земала надоместок од 87.000€ од СЈО.

/Во меѓу време

За злоупотреба на службената положба и овластувањата за начинот на кој, според обвинителката Фатиме Фетаи, е купена општинската зграда во Пласница, но и нарачана и извршена лустрација на сега веќе починатиот судија Драги Билески, покрај
четворицата споменати, обвинети се и актуелниот член на ДИК Јанаќе Витаноски, потоа Новица Вељаноски, сопругот на обвинителка Вецко Здравески, Ѓорѓи Малкоски, Шпенди Винца, Благоја Гешовски, Даут Даути и Агим Мехмети. Обвинетата Марија Милошоска, член на лустрациската комисија на Аџиев, во меѓувреме починала.

Во август беше поднесен обвинителен предлог против сите овие лица. Сите се товарат за вмешаност во нелегална продажба на објект во село Ижишта (Општина Македонски Брод), кој го користела општина Пласница.

Двајца од обвинетите се обвинети дека сториле Измама, а третообвинетиот Милошоски, Измама и Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 од Кривичниот законик, каде најниската казна е 5 години затвор. Со Обвинителниот предлог опфатените 10 лица се товарат дека сториле едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2.

Поранешна изјава :Станува очигледно дека владејачката коалиција СДСМ и ДУИ заедно, се повеќе се плашат од тоа да дозволат на пратениците да направат увид во СЈО, тврди пратеникот Антонио Милошоски.

Во текот на 2011 година прво и второобвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во Ижишта, која ја користела општина Пласница.

Со тоа, со продажбата на објектот нанеле штета на Република Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800,00 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000,00 денари.

„Третообвинетиот со особен придонес кон делото директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите, за да не се поништи купопродажбата и успеал во тоа.

На 27.10.2011 година, првообвинетиот писмено се обратил до советот на општина Македонски Брод со барање да донесат одлука за продажба на задружниот дом во Ижиште и наводно лажно во барањето навел дека тој веќе го користи тој простор на општината и сака да отвори сопствен бизнис, иако знаел дека објектот е всушност руинираниот дел запишан во катастарот на недвижностите кој го користел градоначалникот и општинската администрација на општина Пласница и Управата за водење на матични книги.

На 28.10.2011 година советот на општина Македонски Брод ја одржал 33. седница, на која се разгледувало барањето од првообвинетиот, притоа збор земал второобвинетиот и лажно презентирал дека се работи за објект кој на барателот му бил даден на користење на 30 години од претходниот совет, а за што имало договор, па за да може да се направи вложување во објектот второобвинетиот побарал од советот да донесе одлука и да му се продаде објектот на првообвинетиот преку јавна лицитација“, се наведуваат детали во обвинението како била изведена измамата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Портпаролот на Владата Хоџа информираше дека заклучно до денеска во 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, како и дека се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.

Пописот трае до 30 септември и никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес

Влегуваме во последната фаза од пописните активности на терен во која се привршуваат...

Тоа што Заев, Филипче и СДСМ си ја префрлаат одговорноста за трагедијата во Тетово со коалицискиот партнер ДУИ, воопшто не ја интересира јавноста!

Документите за завршената модуларна болница во Тетово не биле потпишани од инженер

Колку и да се обидуваат да си ја префрлаат вината меѓу себе, СДСМ и ДУИ се најповиканите...

Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Попишани вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови

Попишани вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства...

Ве повикувам без двоумење да го направите овој чин, односно да се откажете од формалното бугарско државјанство и со тоа да го засилиме македонскиот бедем во желбата за сочувување на оваа наша света и благословена Македонија., вели г. Агатангел!

Владика Агатангел: Македонците кои земале бугарско државјанство сега да го поништат

Ве повикувам да не се двоумите, да не се колебате и да не се плашите од имунизацијата,...