Експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, седна на обвинителната клупа во Велешкиот суд.
По цела година потрага по разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, во Велес почна судењето за злоупотребите со АКМИС-от, но се прекина.
Панчевски преку адвокатот реагираше пред судијката Валентина Ѓорѓиевска во Основниот суд Велес дека нема услови да се одржи денешното рочиште, бидејќи се уште нема добиено решение од одлуката на Врховниот суд за неговото разрешување.
„Панчевски се уште е судија, има судиски имунитет и не може да е во притвор без Судскиот совет да му го симне имунитетот“, кажа адвокатот.
Панчевски беше притворен на 15 јули по наредба на оваа судијка, зашто таа не можеше да го натера да ги прими судските покани, т.е. да го донесе на закажаните рочишта.
Обвинет е за злоупотреби со електронскиот систем на распределба на судски предмети (АКМИС), за време на неговиот мандат како претседател. Според обвинението, дел од предметите, место да ги пушти во АКМИС-от да бидат распределени по електронски пат по случаен избор, тој ги давал на рака на подобни судии.
Судскиот совет Панчевски од функцијата судија го разреши во декември, лани.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.