Што избувна на 1-ви октомври

Објавил: Калина Мартинска | 11 октомври, 2024 15:17

Почна увидот во опожарената зграда во скопски Чаир, се врши попис на штетата на становите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Сите станари од опожарената зграда во скопски Чаир дојдоа изутрината да си ги земат потребните работи за живот кои им останале по становите. Со придружба на полицијата по една недела влегоа  во собите со црни ѕидови каде и по 10 дена се уште мириса за чад.

Објектот е под надзор од полицијата 24 часа од кога избувна пожарот. Во меѓувреме станарите само со придружба од полициски службеници може да влезат во становите а за сместување се снаоѓаат сами.

Од вторникот доцна вечерта кога и избувна пожарот станарите преспиваат по роднини и пријатели, бидејќи како што велат немаат пристап до своите домови и не знаат до кога ќе трае трагедијата што ги снајде.

МВР потврди дека подрумските простории, каде избувна пожарот се уште се обеезбедуваат од полицијата.

Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините“ изјави Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Обвинителите од денеска собираат докази од опожарената зграда каде повеќе од триесет часа гореа подрумските простории, информираа од Основното јавно обвинителство Скопје.

„Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази“, информираат од Обвинителството.

Пожарот во зградата на улицата „Серава“ во скопски Чаир избувна ноќта помеѓу 1 и 2 октомври, а беше активен повеќе од 30 часа. Гореа подрумските простории на објектот, станарите беа евакуирани преку покривот, а зградата со посебни скали на противпожарно возило. Поради вдишување чад, 40-ина лица побараа лекарска помош, а некои беа задржани на лекување на скопските клиники.

На трети октомври МВР уапси две лица кои се сомничат за кражба вечерта кога избувна пожарот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести