Живот
Религија
Заклучно од денеска 28-ми ноември започнуваат Божиќните пости кои траат се до големиот христијански празник Божиќ.
Постите траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари.
Божикниот пост е востановен за да можеме ние, во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиме себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнеме Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, нашето чисто срце и желба за последување на Неговото учење.

Правилата на воздржание, пропишани од Црквата во Божикниот пост се исто како и за Петровденскиот пост.
Јасно е дека во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, Уставот вели дека во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло. Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло. Рибата за време на Божикниот пост се разрешува во саботните и неделните денови, како и на големите празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток.
Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло. Од 2 јануари до 6 постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена.
Извор Бигорски Манастир
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Религија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.