Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека многу бргу од денес почнува изградбата на спортската сала во Воената академија.
„Преку Министерството за спорт, во склоп на Воената академија, ќе почне реализацијата и на таа спортска сала, и тоа многу бргу. Тоа е еден од оние проекти што се дел од капиталните инвестиции, ние мораме да имаме повеќе капитални инвестиции, со што ќе ја зголемиме економската активност на компаниите кај нас, а со тие капитални инвестиции ќе го зголемуваме домашниот бруто-производ, така што и тоа е едно од оние ветувања што ќе почне со реализација бидејќи го помина владиниот филтер во текот на вчерашната владина седница“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.
Мицкоски: Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.