Тутунарите на стартот сметаат дека нереално се проценува нивниот труд и мака и дека им се скратува на класите.

Објавил: Перо Милчин | 25 ноември, 2020 15:42

Почнува откупот на тутунот, тутунарите очекуваат повисоки откупни цени

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Прилепскиот тутунски комбинат денеска официјално го почна откупот на тутунот. Тој е втора, по Сокотаб од Битола, откупна компанија од вкупно 10-те во земјава кои ќе го купуваат годинашниов род од околу 23 000 тони.

Тутунарите на стартот сметаат дека нереално се проценува нивниот труд и мака и дека им се скратува на класите.

-Јас денеска го ценев тутунот. Секоја година прв го носам за откуп. Лани многу убаво одеа цените, ама годинава многу тешко. Претежно оди 4 и 3 класа. Донесов 430 килограми, вели долгогодишниот тутунопроизводител Ваит Асаноски од Прилеп.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ајранит Хоџа истакна дека сме на стартот на откупот, не се очекуваат големи проблеми, и оти е рано да се даде процена како тече откупот, но Министерството и Инспекторат будно ќе го следат откупот. Многу е битно и зачувување на здравјето на тутунарите. Откупувачите ги обезбедија парите за откуп.

-Ова е втора компанија која го почнува откупот. Дојдени сме да видиме како се одвива откупниот процес. Сѐ уште е почеток и реално, очекуваме дека нема да има поголеми проблеми со откупот. Рано е да говориме за некаква процена, но очекуваме да биде во најдобар ред. Имав повеќе состаноци со откупувачите и со Земјоделските здруженија. Засега два откупни центри го почнаа откупот. Средствата се обезбедени и тоа што е договорено нема да остане неоткупено. Сакаме сѐ да помине во најдобар ред, посебно да се запазат сите мерки за заштита за да не дојде до затворање на цел откупен пункт. Ќе се следи ситуацијата. Не би сакал пораката во почетокот на откупот да биде негативна. Да почекаме како ќе се одвива, па да преземеме мерки доколку има проблеми, изјави Хоџа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

На денешната седница Владата донесе одлука за итна финансиска помош во висина од 6.000.000 денари за ублажување на штетите од земјотресот што денеска ја погоди Република Хрватска.

Донесена финансиска поддршка за малите лозарски стопанства и за производителите на ориз

Владата на Република Македонија на денешната 35-та седница донесе измени и дополнувања...

Како што соопшти владината прес-служба покрај премиерот Заев на официјалното отворање ќе присуствуваат и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски и министрите за финансии, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Арјанит Хоџа.

Денеска се отвора фабриката за пилешко месо на „Интернешанал фреш фуд”

Во село Гиновци, општина Ранковце денеска е отворен нов производствен капацитет за...