Со мерките се опфатении здравствените работници кои задолжително ќе се вакцинираат со две дози

Објавил: admin@magazin | 19 април, 2019 7:59

Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Медицински тимови од денеска ќе вршат теренска вакцинација во основните и средните училишта. Теренската вакцинација во школите следува по прогласената епидемија на морбили во целата држава.

Министерот за образование Арбер Адеми вчера изјави дека е неопходно да се преземат мерки да не се загрози јавното здравје зашто состојбата со морбилите станува аларамантна. Адеми очекува теренската вакцинација да ги даде очекуваните резултати.

Малите сипаници лесно се пренесуваат по воздушен пат преку кашлица и кивање од инфицирани луѓе. Исто така може да се пренесат преку контакт со плунка или назален секрет.

Во постојана комуникација сме со министерот за здравство и навистина станува збор за алармантна ситуација. Во фаза сме на изнаоѓање на што подобро законско решение и во Законот за основно образование, каде што при упис во основните училишта треба да се приложи аргумент дека вакцините се примени. Секоја наша одлука треба да биде во насока и во согласност и со уставните одредби каде што основното образование е задолжително и со вредноста дека треба да се запази да не се загрозува јавното здравје на било кој – вели Адеми.

Инаку бројот на заразени со морбили во Македонија достигна над 960, а само минатата седмица беа регистрирани 126 заразени, што е голема бројка, а се очекуваше доколку не беше прогласена епидемија бројката и драстично да се зголеми.

Мерките што досега важеа за градовите каде што имаше прогласено епидемија сега ќе важат во целата земја. Тоа значи дека ниту едно невакцинирино дете нема да биде примено во градинка. Исто така, се намалува и старосната граница за вакцинирање со МРП од дванаесет на 6 месеци.

Со мерките се опфатении здравствените работници кои задолжително ќе се вакцинираат со две дози.

Светската здравствена организација повика на подобра покриеност со вакцинација против морбили, кои кај заболено дете можат да предизвикаат смрт или инвалидитет. Според податоците со кои тие располагаат во последните месеци, болеста се повеќе се шири „во земји со висока вакцинална покриеност, вклучувајќи ги и САД, како и Израел, Тајланд и Тунис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

АДВОКАТИТЕ НА БОКИ-13: „Лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев”

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро...

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов со сомнително минато ?

Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов бил отпуштен од странска амбасада поради корупција ?

Поранешен новинар на 1тв со шokaнтно тврдење дека директор на една од главните институции...