За Дејвид Торн (20 часот) и Фред Фрит (22 ч.), ова ќе биде прв настап во рамките на Скопскиот џез фестивал.

Објавил: Сара Фемина | 17 октомври, 2019 22:03

Започна џез фестивалот во Скопје: „Омилениот“ гитарист на Дејвид Боуви го отвора 38. скопски џез фестивал!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од вечерва 17- октомври па па се до 20-ти октомври, ќе се одржи 38-то издание на еден од нашите најубави и најреномирани музички фестивали.

За Дејвид Торн (20 часот) и Фред Фрит (22 ч.), ова ќе биде прв настап во рамките на Скопскиот џез фестивал.

Скопски џез фестивал е невладина, непрофитна организација во културата, регистрирана како Установа за уметнички дејности. Скопскиот џез фестивал е една од водечките културни манифестации во Македонија, со традиција од 38 последователни години и со извонредна репутација во Европа и во светот. Се вбројува меѓу водечките џез фестивали во Европа.

Фестивалот започна во 1982 година, а во неговата историја се впишани настапите на најславните имиња на американскиот и европскиот џез, на латино-американската и африканската музика, како и најдобрите македонски музичари. Скопските џез фестивал е член на престижната асоцијација „Европска џез мрежа“ (Europe Jazz Network).

Секоја година, при крајот на октомври, вљубениците во еден од најслободните, најуникатни и најотмени музички правци, имаат можност на неколку различни локации низ градот (вклучително и Универзалната сала) да уживаат во изведбите на нај­доб­ри­те џез-музичари од светот.

Од деветте групи или изведувачки имиња на главната програма, шест се практично заштитен знак на ЕЦМ, а преостанатите три групи исто така ги конципиравме да бидат во стилот на отвореноста и авангардноста на ЕСМ – рече Оливер Белопета, првиот човек на фестивалот на неодамнешната прес-конференција.

Тој рече дека фестивалот го задржува концептот што го почна пред неколку години.

– Ние и оваа година го задржуваме нашиот оригинален и храбар пристап кон џезот, со каков што не можат да се пофалат многу други фестивали во Европа. Програмата не се прави за да се приспособи на вкусовите на публиката, туку односот кон публиката повеќе треба да биде од едукативен карактер. Затоа, не очекувајте лесни ноти, нив им ги оставаме на други – додаде Белопета.

Скопскиот џез-фестивал е еден од најстарите и најквалитетните џез-фестивали на Балканот, а концептот му е да презентира авангардни и квалитетни имиња. Реномето на фестивалот постојано расте, со што добива углед од светски рамки. Досега фестивалот презентирал речиси сè што е значајно на светската џез-сцена (Реј Чарлс, Тито Пуенте, Орнет Колмен, Пет Метини, Вејн Шортер, Стенли Кларк, Би Би Кинг, Чик Кореа, Херби Хенкок, Џо Завинул, Џон Меклафлин, Ал Ди Меола, Вејн Шортер, Џејмс Картер и уште многу други).

Фестивалот е дел од European jazz network и од Европскиот форум на светските музички фестивали. Почувствувајте ја и вие посебноста и шареноликоста на магичниот на Скопски џез-фестивал, дозволете ушите уште долго да ви одѕвонуваат со тоновите на слободата што ја зрачи џезот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

Организатор на „Деновите на кочанскиот ориз" е Општина Кочани во соработка со Центарот за култура „Бели мугри", библиотеката „Искра" и фолклорните друштва од регионот.

Манифестација “Денови на кочанскиот ориз” од 30 септември до 5 октомври!

Кочани од 30 септември до 5 октомври ќе биде домаќин на дваесет и осмото издание на манифестацијата...

Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен , Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври.

ЗАПОЧНА ПИВСКО ЛУДИЛО ВО ГЕРМАНИЈА: Во Минхен отворен 186. Октоберфест!

Во германскиот град Минхен вчера започна 186. Октоберфест. Октоберфест е шеснаесетдневен...

Најексклузивните и најквалитетните вина на оваа винарница ќе се служат на свечениот ручек што ќе се организира во чест на папата.

Папата Франциск на свечениот ручек ќе пие Македонско вино. Еве за кое станува збор !

За време на посетата во Скопје, на Папата Франциск ќе му бидат послужени македонски...