Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо.

Објавил: Перо Милчин | 14 април, 2021 8:12

По бројните скандали, Рашковски утрово поднесе оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот генерален секретар и советник во Владата Драги Рашковски изјави дека се повлекува од функцијата и му се обрати на претседателот на Владата Зоран Заев преку писмо посочувајќи му  дека лажните вести мора да престанат  да се шират.

-Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство.
 
Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично.
Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо.
Се поразлично од тоа е лажна вест, вели тој огласувајќи се на својот фејсбук профил.
 
Во Државната комисија за спречување на корупцијата отворени се предмети за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот кој Рашковски како генерален секретар на Владата го распишал без знаење на МВР, пренесе МКД!
 
Се проверува и неговата имотна состојба која не е еднаква со пријавеното во неговиот имотен лист. Името на Рашковски се споменува и во скандалот со италијанската компанија Леонардо за опрема на скопскиот аеродром. Во неговиот анкетен лист го нема и земјиштето кај Побожје на кое планира да изгради куќа од 800 квадратни метри, а го нема и џипот „волво“ што вреди 70 илјади евра.
Рашковски беше автор и на неколку проекти кои упорно ги туркаше во Владата, ама поради бројни реакции од јавноста не се реализираа (проектот со брзата помош со хеликоптерите и проектот за јавно приватно партнерство за наплата на акцизните стоки).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша вчера Апасиев на Фејсбук.

АПАСИЕВ НАЈАВИ ПРИЈАВИ ЗА БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ АКО ДОЈДАТ ЗАРАЗЕНИ ПРАТЕНИЦИ НА СЕДНИЦА

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев уште вчера по најавата на власта дека...

Покрај Николоски говорници на овој настан беа европратениците Марион Вилсман од Германија и Владмир Билчик од Словачка, заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, како и директорот на Конрад Аденауер во Македонија Даниел Браун.

Николоски на конференција со ЕУ пратеници – Бугарија веднаш да го тргне ветото и да престане со условувањата

Денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својство на претседател на...

Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо истиот да се искористи за таблети, тестови или вакцини се троши за партиски вработувања.

Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175 лица преку ЈСП

Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175...

Целата афера „Мафија“ се сведе на апсење на неколку државни службеници. А, пипците на мафијата одат погоре.

Сајкоски: Уапсените во акцијата „Мафија“ сликани со Спасовски, нов светски мафијаш добил македонски пасош

Аферата „Мафија“ покажува силна вмешаност на највисоките структури од државата во...