Соња Тошиќ Грлач која е претседателка на Управниот Одбор на болницата во Чаковец, изјави дека пациентот на хемодијализа починал, откако по грешака му бил вбризган дезинфисиенс и изрази сочувство до семејството на починатиот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 октомври, 2020 11:28

По грешка му ставиле средство за дезинфекција- Хрват почина по кобна грешка на медицински лица!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

62 годишен пациент од Хрватска починал вчера вечер поради кобна грешка на лекарите. Имено тој починал за време на рутинска постапка на хемодијализа, поради, како што соопштија од болницата, вбризгување на недозволено средство.

Соња Тошиќ Грлач која е претседателка на Управниот Одбор на болницата во Чаковец, изјави дека пациентот на хемодијализа починал, откако по грешака му бил вбризган дезинфисиенс и изрази сочувство до семејството на починатиот.

Поради оваа грешка која го чинеше смрт 62 годишниот пациент избркани се од работа двете сестри. Запрашана како воопшто е можно да се случи таква грешка, Тошиќ Грлач нагласи дека дезинфисиенсите во болниците се вообичаени средства што постојано се наоѓаат на количките на медицинските сестри.

-Грешка е можна и, за жал, се случи, изјави Тошиќ Грлач.

Таа додаде дека ќе биде спроведен професионален интерен надзор, откако ќе се обезбедени изјави од учесниците во немилиот настан.

-Сè ќе биде подложно на анализа. Интерната комисија ќе разговара со сите страни во случајот и ќе донесе мислење по што ќе дојде на ред и инспекција од Министерството“, Утрово болницата го извести семејството. Денеска нè посети полицијата, Државното Обвинителство. Нив ги интересира што се случило и чија е вината. Зедоа и некоја документација, вели Тошиќ Грлач.

Телото на починатиот пациент е превезено во Заводот за судска медицина и криминалистика во Загреб каде треба да се утврди од што точно настапила смртта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...