Министерот за полиција изјави дека Македонија е изложена на интензивна субверзивна пропагандна дејност

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 јули, 2018 8:31

По Грција и Спасовски откри проруски инфилтратори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски на пратеничко прашање за проруските инфилтратори во Македонија и нивното делување со став:

“Македонија подолг временски период е изложена на интензивна субверзивна пропагандна дејност поврзана со интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО. Зад пропагандата стои мала криминална структура која не дејствува идеолошки туку сака да ги реализира своите лични интереси па е гласноговорник  во одредени моменти а целта и е во јавноста да се создаде впечаток дека во Македонија има критичка маса што ќе може да ги спречи интеграциите во ЕУ и НАТО.”

Спасовски посочи дека и тактиката и тежиштето и интензитетот од таквата кампања се совпаѓа со политичкиот момент на Република Македонија. Истакна дека полицијата и надлежните служби ја опсвервираат целата состојба во однос на евентуалните ризици за земјава но и дека ниту една истрага не смее да се води преку медиумите.

Премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски на Седница на Влада – архива.

Заев кон средината на месецот обелодени дека проруски бизнисмени им плаќале на учесници во протестите и дека полицијата за ваквите плаќањата дознала по приведувањето на неколку од нив во насилните протести пред Собранието минатиот месец кога Договорот со Грција влезе во собраниска процедура спомнувајќи суми од 13 до 21 илјади долари за организирање насилни демонстрации пред референдумот.

Оваа изјава на Спасовски по онаа на Заев доаѓаат по слични изјави во грчката јавност која тврди дека руски олигарски плаќаат големи пари за да се поништи Договорот со Грција но и изјави дека ВМРО – ДПМНЕ е политичка партија која во основа има проруски идеолошки ставови.

Очигледно Спасовски смета дека во Македонија мала криминална група е за опсервација а не за апсење ако воопшто ја има а не е резултат на имагинативен процес иако официјална Москва веќе даде до знаење дека ако сака да делува најмалку тоа ќе го прави тајно.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.