На социјалните мрежи пријателите веќе се простуваат од Андријана.
По две години борба со ракот почина ќерката на Јулија

Објавил: Сара Фемина | 12 мај, 2022 12:51

По две години борба со ракот почина ќерката на Јулија

Фото/Текст извор: ©reporter.mk

По две години борба со ракот, денес почина Андријана Мициевска, ќерката на пејачката и водителка Јулија.

На социјалните мрежи пријателите веќе се простуваат од Андријана.

Таа почина на 41 години, беше сликар и мајка на Стефанија. Дека состојбата на Андријана е влошена уште пред неколку дена објави Јулија и побара поддршка од пријателите. Андријана беше однесена на Клиниката за онкологија, каде, икако што кажа Јулија, се борела за живот.

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божјо чудо, зошто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче“, напиша тогаш Јулија!

Во 2020 година на роденденот на Андријана и беше дијагностициран рак кој метастазирал на коските и црниот дроб. Таа по една година хемотерапии и зрачење, успеа да да застане на нозе. Лани Јулија на роденденот на нејзината ќерка напиша дека изминатата година направила пресврт во нивните животи.

Уметници и пријатели на Андријана ги продаваа своите дела по прифатливи цени и собираа средства за нејзините понатамошни лекарски трошоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

По шест месеци пауза, тој продолжи со концертите и гостувањата во регионот. Ракимовски по потекло е од Скопје, а во бендот беше активен уште од 1975 година.

Неговиот последен настап во Македонија се случи на седми јули, лани, кога одржа концерт во ракометното игралиште во Битола.

ЛЕГЕНДИТЕ НЕ УМИРААТ: Со македонско знаме и „Зошто си ме мајко родила“ Аки Рахимовски испратен до вечното почивалиште

Со македонско знаме на ковчегот и македонската песна „Зошто си ме мајко родила“ легендарниот...