
Македонија
Вести
Комисијата за избори и именувања чиј претседател е пратеникот Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ по постигнатиот политички Договор против измени во Изборниот законик можно е во текот на денот да ја свика комисијата со цел да се изврши селекција на кандидатите за идни членови на Државната изборна комисија.
Како е пропишано со правилникот за работа на оваа Собраниска комисија треба прво да се селектираат кандидатите за потоа по двајца од нив да бидат предложени и изгласани на пленарна седница на Собранието на Република Македонија.
За идни членови на Државната изборна комисија се пријавени 41 кандидат.
Гласањето за членови на Државната изборна комисија ќе се реализира по тековниот Закон со поддршка од 2/3 мнозинство од актуелниот пратенички состав. Во Државната изборна комисија членови како политички партии имаат СДСМ – ДУИ – ВМРО – ДПМНЕ и тетовското крило на БЕСА на Билал Касами.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.