„Од овој момент не сум повеќе премиер. Следната недела би требало да се појавам во Хаг“, наведе Харадинај.

Објавил: Весна Петровска | 20 јули, 2019 9:23

По „земјотресот“ во Приштина, медиумите пишуваат: Во Хаг покрај Хардинај, можно е да седнат на иста обвинителна клупа и Тачи и Весели?

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Премиерот на Косово  Рамуш Харадинај вчера поднесе оставка на седницата на влада. На конференцијата за медиуми рече дека добил покaнa за Специјалниот суд во Хаг.

„Од овој момент не сум повеќе премиер. Следната недела би требало да се појавам во Хаг“, наведе Харадинај.

Тој додаде дека одлучил да поднесе оставка зошто не може да биде премиер.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја напушта функцијата откако беше повикан како осомничен за воени злосторства пред Трибуналот во Хаг. Оставката отвора нови прашања за односите со Србија

„Сакав да ја одвојам честа од повикот за на суд. Не оди ниту државата Косово ниту премиерот на суд туку Рамуш Харадинај“, им рече на новинарите на српски јазик.

Специјалниот суд беше формиран во 2015 година за да им суди на припадници на ОВК кои се осомничени дека сториле злосторства за време на воената кампања во 1998 и 1999 година.

Оставката на Харадинај дополнително ќе ги одложи разговорите за нормализација на односите со Србија. Тие се замрзнати од ноември 2018 кога токму владата на Харадинај воведе царина од 100 проценти на српските производи.

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека ја почитува одлуката на Харадинај и дека ќе свика консултации со политичките партии на кои ќе се одлучи дали ќе се формира ново владино мнозинство или ќе се свикаат предвремени избори.

Во Косово наголемо се зборува дека и  Тачи, како и спикерот на парламентот Кадри Весели наскоро би можеле да бидат повикани во Хаг на испрашување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.