По претседателските избори во април Владата најави двојазични табли со новото име на државата,

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2019 17:50

По изборите институциите ќе добијат двојазични табли со новото име

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По претседателските избори во април Владата најави двојазични табли со новото име на државата,објави 24 вести.

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски изјави дека мора да поминат изборите, бидејќи Изборниот законик не дозволува порано да се направат вакви измени. Тој вели дека ваквата измена треба да помине низ повеќе процедури, најпрво се очекуваат тендерски постапки. Тој додава дека нема ништо страшно во тоа во администрацијата да се говори на албански јазик, и дека засега имплементацијата на двојазичноста тече без опструкции.

Рашковски ја предводи и меѓуресорната група за спроведување на Законот за јазици.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи вели дека треба да се внимава околу преведувањето на документите бидејќи не е дозволива никаква грешка.

„Треба да се внимава на секој збор, на секоја реченица, бидејќи тоа е документ врз основа на кој се добива некое право или пак се воспоставува некое правило. И тука ќе биде предизвикот бидејќи има многу институции – 1.300 институции што сега ги одбележавме, за во Централниот регистар да ги запишуваме тројазично.“ -вели тој во изјава за 24 вести.

За потсетување, двојазичноста во Македонија беше официјализирана во јануари годинава, откако Талат Џафери, претседателот на Собранието,  го испрати само својот потпив во Службен весник. Претседателот Ѓорѓе Иванов го блокираше овој закон со џебно вето. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На самитот Ѓоргиевска, како што соопшти Кабинетот на претседателот, говореше на тема „Сексуално и репродуктивно здравје и права: основен елемент на универзалното здравствено покритие“.

Првата дама се обрати на Најроби Самитот: „Верувам во еднаквост на сите луѓе и на сите жени“

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, во Најроби,...

Работниците во „Стоби“ со години биле изложени на силна екплоатација, приморани да работат за време на празници и викенди без да бидат пријавени и без да добијат соодветни дневници! Дополнително, газдата на конфекцијата ги пријавувал на скратено работно време без нивно знаење, со што голем дел од работниот стаж никаде не е пријавен

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го штитат газдата

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го...

При миењето на цистерната попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот поради што се почувствувала непријатна миризба во околината. Истекувањето се случило на локација каде фирма од Скопје препакувала и отстранувала историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство, посочија од Инспекторатот за животна средина.

Се испитува еко-инцидентот во „ОХИС“, опасните хемикалии под надзор

Сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во...