
Македонија
Вести
Инвестициските аналитичарите истакнуваат дека обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе влијае врз неговиот рејтинг и ги зголемува шансите тој повторно да биде избран на 5 ноември.
Пред пукањето, берзите реагираа на изгледите за реизбор на Трамп со зајакнување на доларот, а тој тренд би можел да продолжи и во наредната недела, изјави претставник на сингапурската фирма „Истспринг инвестментс“ (Eastspring Investments), Ронг Рен-гох.
Снајперисти од Тајната служба го убија атентатоторот на Трамп (ВИДЕО)
Додека главниот инвестициски директор на „Вантич поинт асет менаџмент“ (Vantage Point Asset Management), Ник Ферес направи паралела со обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Роналд Реган и порастот на неговиот рејтинг.
Како што се сеќаваме, популарноста на Реган порасна за 22 процентни поени во анкетите по обидот за атентат. Изборите веројатно ќе бидат убедлива победа (за Трамп). Тоа потенцијално ја намалува неизвесноста, посочи Ферес.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.