Јавните обвинители од републичкото јавно обвинителство денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Надзорот, како што соопштија од Јавното обвинителство е по одлука на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски.
„Е, ако де, тоа е сега. Здравје“ одговори Абази на прашањето зошто не се гонат високи функционери
„Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства донесен од Советот на јавните обвинители“, стои во соопштението.
Коцевски се сети дека обвинителството треба да работи – донесе упатство за постапување
Претходно, контрола била извршена во сите виши јавни обвинителства во државата, а до крајот на годината, според најавите на државното обвинителство, надзор над постапувањето ќе се врши и во Одделението за меѓународна правна помош и над Канцеларијата за врски со Европравда во Обвинителството.
Претходно вчера, државниот обвинител Љупчо Коцевски објави дека ги задолжил сите јавни обвинители итно да стават приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес. Во рамки на своите надлежности тој најави реорганизација на силите во ЈО која ќе овозможи поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела, особено од областа на финансискиот криминал и корупцијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.