Мрестење

Објавил: Калина Мартинска | 23 јануари, 2025 20:53

По пауза од шест години почна вештачкото порибување на Охридското Езеро

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Иако државата е должна да го збогатува рибниот фонд, порибувајќи го Охридското езеро со пастрмка,шест години по ред не се вршеше вештачко порибивање со овој ендемичен вид кој е пред исчезнување.

Годинава после долг низ години министерството за земјоделство обезбеди сретства за спроведување на оваа активност.

„Претпоставувам дека минатата власт немаше сенс за националното богатство,можеби имаа некои други приоритети, жалам што тоа не се случувало изминатите години што практично донесе да се доуништи или да се истреби овој вид на риба кој што е за нас како држава многу важно”- вели Цветан Трипуновски-министер за земјоделство

Се’ до 2018-та,Охридско се порибиваше со повеќе од 2 милиони примероци на пастрмка,сега Хидробиолошкиот Завод од Охрид и Институтот за сточарство од Скопје имаат обврска за обезбедат 1 милион и 50.000 зрна икра,со тенденција наредните години да продолжи со значително поголем број на единки.Од Хидробиолшкиот Завод чија основа дејност е порибување на езерото, а се спроведуваше 90 години откога постои научната установа,велат паузата од 6 години нанесе несогледливи последици.Причината меѓудругото лежи во административни и технички проблеми кои го имале

„Доколку продолжеше овој тек на неисполнување на нашата активност,односно порибување и вештачки мрест на охридската пастрмка,секако дека загрижувачка би била состојбата и во моментот е загрижувачка”-вели Орхидеја Тасеска-директор на Хидробиолшки завод

Во меѓувреме  тече постапаката за издавање на Охридско под концесија,наместо еден со езерото ќе стопанисуваат 7 здуженија. Министерот кажа какви мерки ќе се превземат за нема злупотреби од страна на концесионерите.

„Зголемување на капацитетот на инспекторите во земјоделскиот инспекторат што ќе биде прв сигнал дека навистина сакаме да го враќаме редот на користење на рибите од Охридското езеро.Во текот на наредните месеци се размислува и да се зголеми техничката опременост на овие инспектори, се со цел да се елиминираат злупотреби во овој дел”-вели Трипуновски

Изминава година биле запленети 709 мрежи во вкупна должина од околу 47 километри.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести