Видео

Објавил: Калина Мартинска | 11 март, 2025 13:13

По половина век, утре конечно почнуваат градежните работи за изградба на ГП „Маркова нога“ во Преспа

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Жителите наместо за 2 километри до најблиското село Роби на грчка страна, моментално за во Грција треба да минат 150 километри, односно да вртат преку преминот „Меџитлија“ кај Битола.

Но, тоа наскоро ќе се промени бидејќи од утре започнуваат градежните работи за изградба на граничниот премин „Маркова Нога“ во Преспа.

„Официјално ќе се започне со градежни работи за царинската зграда со придружната инфраструктура, и тоа канцеларија на осигурителната компанија, јавни тоалети, резервоар за вода, нова станица за третман на вода кај трафостаницата, три пристапни патишта и паркинг кај новиот граничен премин Маркова нога – Герман. Работите, вредни 2 милиони евра, се дел од финансиската програма ‘ЕУзаПреспа’, која изнесува вкупно 21,5 милиони евра. Од нив, 18 милиони евра, односно 84  проценти се обезбедени од Европската Унија, а остатокот се од националниот буџет. ‘ЕУзаПреспа’ се спроведува преку два договора за придонес потпишани со УНДП. Опремата треба да ја испорача и инсталира Царинската управа“, соопштија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Реконструкцијата ќе се финансира и со дел од програмата Интеррег ИПА Грција – Северна Македонија, со вкупно 7,73 милиони евра. 1,2 милиони евра ќе бидат обезбедени од Министерството за внатрешни работи, додека 114,136 евра ќе дојдат од Општина Ресен.

Очекувањата се дека граничниот премин ќе биде пуштен во употреба во 2028 година.

вој граничен премин чие затворање е без официјално образложение и по еднострана политичка одлука на Грција во 1967 година, но жителите на Преспа се сомневаат дека тоа е за да се спречи комуникацијата меѓи двете страни, кои најчесто се во роднинска врска.

Интересна приказна е и името на граничниот премин која доаѓа од една легенда која вели дека Крали Марко сакајќи да го виде малото преспанско езеро се поткачил на камен и оставил трага од своето стапало. Оваа легенда привлекува и многу туристи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.