
Македонија
Фејсбук
Вчера во случајот „Транспортер“ беа осудени поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и музичарот Џими Мицевски, сопруг на пејачката Анета Мицевска од групата „Молика“ од Битола.
Музичарот Џими Мицевски, сопруг на Анета Молика, кој вчера беше осуден на две ипол години затвор, се огласи преку „Фејсбук“ и вели дека е невин.
Основниот суд – Скопје 1 ја донесе првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО, под кодно име „Транспортер“. Џими беше обвинет за злоупотреби во ученичкиот превоз во Битола.

Неговиот статус на Фејсбук ви го пренесуваме во целост:
Јас Мицевски Џими ова што сега го правам – пишувам го правам за честа и угледот прво на моите деца а потоа на мојата фамилија на мојот славеј Анета Мицевска и групата Молика..
Можеби сите сте информирани дека вчера во основниот суд во Скопје се судеше Битола поточно во мега познатиот случај Транспортер.
Осудени сме сите обвинети а сите угледни и чесни грагани на Битола кои предходно немале ниту една дамка во своето работење. Јас сум осуден на 2 год и 6 месеци затворска казна за моето најчесно најдомаќинско работење.
Јас Мицевски Џими нај одговорно тврдам дека со мојата фирма Џими Турс немам наплатено ниту (1) еден скршен денар од тоа што беше пропишано со одлука на совет на општина Битола, а тоа го има со ДОКАЗ во вештачењето од Бирото за судски вештачења ( значи вештачење нарачано од СЈО ).
Секако дека овде ова нема да застанам со ова ќе одам и до последниот суд овде во МК да си ја докажам мојата невиност а до колку увидам како и што гледам дека сме жртви (колатерална штета) на две супроставени страни правдата ќе ја барам и во Стразбург во Франција во меѓународниот суд за човекови права…
Само еден единствен денар ако се утврди со ФАКТИ И ДОКАЗИ дека јас сум зел повеќе пари за извршената услуга јас сум спремен да одговарам во секое време…
Ова што се случува се вика играње со човечки судбини и ништо друго.. Меѓутоа немојте да мислите дека ќе ме скршите .. Битката продолжува. Немојте да се судите зошто ништо не оди овде и зошто ни бегаат младите..
Недај бог да ви стани јасно како на мене сега што ми станува јасно.
Немам намера на никого да му се правдам и ке ве замолам вие од Порталите, ако имате барем малце човечко достоинство да пишувате според факти, а не од ракав истресени информации..
Мицевски Џими
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.