На местото на Хајрулахи

Објавил: Калина Мартинска | 18 февруари, 2025 10:31

По седум дена обвинителката Цалева сфатила дека нема искуство да раководи со Вишото обвинителство-Скопје

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева се повлекла од раководната функција во Вишото јавно обвинителство бидејќи сметала дека нема доволно искуство, дознава „Скопје1“.

Таа до Советот на јавни обвинители испратила писмо насловено како „молба“, за да биде тргната од функцијата по само седум дена откако беше назначена. Таа беше предлог на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за кого во тек е постапка за разрешување.

Претседателката на Советот на ЈО, Душица Димитриеска посочи дека го добила писмото и дека на денешната седница ќе ги запознае останатите членови со неговата содржина. Посочи дека дневниот ред за оваа седница е утврден од пред една недела, па затоа, не е сигурна дека по барањето ќе може да се одлучува денеска.

Изборот на Крстевска-Цалева беше проследен со различни коментари. Владата тврди дека ова е незаконско.

Таа не ги издржа критиките и поднесе оставка. Коцевски поведе дисциплинска и поведе постапка против досега првиот човек на ова обвинителство, Мустафа Хајрулахи, заради наводен мобинг кон свои колеги. Хајрулахи во јавни настспи тврди дека е жртва на притисок. Оддалечен од функцијата, на предлог на Коцевски е и досегашниот заменик Јове Цветановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.