Ова е стапица со која медиумите прават обид да и нашетат на мојата професионална фигура, рече Муса.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 октомври, 2019 12:17

По скандалот заменик министерот за здравство Асим Муса си поднесе оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото телма.мк

Откако вчера  Топ Ченел објави ексклузивна видео снимка на која се гледа како заменик министерот за здравство Асим Муса бара мито, денеска тој си поднесе оставка од функцијата.

Муса се пазарел со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во Струга.
За оваа работа, Муса побарал 1.000 евра, додека однапред земал 50 евра. Во емисијата се вели дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.

Ова е стапица со која медиумите прават обид да и нашетат на мојата професионална фигура, рече Муса.

Муса пред медиумите истакна дека нема да дозволи кредибилитетот да му биде нарушен со бомбастични наслови во медиумите.

Во постојаните барања на пациентот за кого станува збор јас го информирам дека интервенцијата за странски пацинети кои не се осигурани во нашата држава е приватна и го информирам кој е можниот износ за интервенцијата, на негово прашање колку би чинело по пакети. Токму овие пациенти постојано се обидуваат да приредат стапица против мене во која било форма, нагласи Муса.

Асим Миса не даде одговор на новинарското прашање дали ќе биде поднесена кривична пријава против него.

Инаку вчера во јавноста излезе веста дека Асим Муса, заменик-министерот за здравство е вмешан во корупциски скандал при што бил и фатен на дело. Муса беше фатен од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, кое се емитуваше вечерва во 20:10 часот на Top Channel

Како што беше објвено заменик министерот Муса се пазарел со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во Струга.

За оваа работа, Муса побарал 1.000 евра, додека однапред земал 50 евра. Во емисијата се вели дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.

Имено вчера во јавноста одекна веста дека од владата на премиерот Заев, еден од заменик министрите побарал поткуп односно прима пари за да изврши одредена услуга.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Македонија се враќа во нормала: Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти!

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. – Скопје 11 –...

Според него со олеснувањето на рестриктивните мерки и тоа што не беше прифатена препораката од Комисијата за заразни болести, за целосен карантин за време на викендот, претставува потенцијален ризик дека во наредните денови бројот на нови случаи ќе биде поголем.

Инфектологот Цана: Наредните денови ќе има уште повеќе заразени!

Специјалистот за инфективни болести Фадил Цана, во изјава за Алсат, го прокоментира...

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Ковид-19: Македонија бележи два дена без жртви!

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. – Скопје 7 –...