Почина Синиша Михајловиќ

Објавил: Перо Милчин | 16 декември, 2022 17:13

По тешко боледување почина Синиша Михајловиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еден од најдобрите српски фудбалери на сите времиња, а подоцна и тренер Синиша Михајловиќ, почина по тешко и долго боледување на 53-годишна возраст, ја потврдија страшната вест семејството Михајовиќ.

Михајловиќ почина во болница во Италија опкружен со своето семејство.

Здравствената состојба му се влошила претходните денови!

Михајловиќ веќе неколку години се бори со леукемија, неколку пати ја победуваше болеста, а последните неколку дена ги мина во болница откако здравствената состојба сериозно му се влоши. Италијанците јавуваат дека тој починал ова претпладне.

Претходните денови имаше информации дека состојбата му се влошила, но повеќето од неговите обожаватели веруваа дека и овојпат ќе успее да издржи.

Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Израснал во локалното Борово, каде што стана професионален фудбалер во 1986 година.

Две години подоцна се пресели во Нови Сад во Војводина, а во 1990 година пристигна во Црвена звезда со која стана европски и светски првак.

По две сезони минати на „Маракана“, тој се пресели во Италија, каде го стекна статусот на еден од најдобрите дефанзивци во Серија А во дресот на Рома, Сампдорија, Лацио и на Интер.

Со Лацио и Интер беше шампион на Италија, а со римскиот клуб го освои и Купот на победниците на куповите и Суперкупот на УЕФА.

Проглaсен е за најдобар фудбалер на Југославија во 1999 година.

За репрезентацијата одигра 63 натпревари и постигна десет гола.

Како тренер ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг и на крајот Болоња. Беше и селектор на Србија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.