Свет
Конфликт Украина
Тригодишнината од руската војна во Украина, победата на ЦДУ во Германија и плановите за изградба на зајакната европска безбедност се во фокусот на европската и македонската јавност. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски синоќа ја честиташе за победата на ЦДУ на вчерашните избори во Германија.
„Честитки за значајната победа на ЦДУ на изборите. Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија. Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Исходот на изборите во Германија со интерес е дочекан во Европа. Не само поради фактот што станува збор за земја која еден од клучните движечки мотори на Унијата, туку и во светло на значајните дискусии за безбедносната архитектура на континентот по денешната трета годишнина од руската војна во Украина, а по инцијативата на САД за нејзино окончување, во кое ЕУ беше оставена настрана.
Македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски вели дека ако претходно повеќе се зборувало колку опрема дополнително треба да се дава за Украина, сега не маса се разговара за мир.
„Мислам дека секој посакува да се најде мир, бидејќи многу луѓе умираат на борбените полиња, независно од која страна се, и овој хаос мора да прекине“, изјави тој. Смета дека е најдобро решението за мир да се гледа „од повеќе очи“ за да се постигне подобро и трајно решение.
„Треба сите да седнат да разговараат, особено да има претставници од Европската Унија, секако и Украина треба да биде на масата. Мора да се најде мир, тоа е добро за колективната безбедност на сите граѓани (…) Ние сме мала земја, но ако на кој било начин ние може да придонесеме, ние сме тука да помогнеме. Секој знае дека агресор во оваа војна е Русија. Територијалниот интегритет на земјата што е нападната, во случајов е Украина, таа треба да биде на масата и да претстави пред нивните граѓани дека се бори за својата татковина“, изјави тој на МТВ, додавајќи дека во процесот што ќе следи за обнова на Украина секоја земја треба да помага.
Здружението на Украинците во Македонија, „Лесја Украинка“, по повод третата годишнина од руската инвазија на Украина вчера одржа митинг и марш во центарот на Скопје. „Во текот на овие три години, илјадници и илјадници наши домови беа разурнати, илјадници животи беа изгубени, а судбините на милиони Украинци беа уништени. Ниту еден збор не може да го пренесе она што Украинците го чувствуваат денес“, порачаа од Здружението. Оттаму искажаа благодарност до Македонија што им дала засолниште на Украинците, пружила можности за живеење и работа, како и за доделената помош на Украина, пренесува Дојче Веле на македонски јазик.
Фон дер Лајен од Киев: Во март Украина ќе добие уште 3,5 милијарди евра помош од ЕУ
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Свет
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.