Ова денеска за телевизијата „Фокс Њуз“ го изјави Стивен Мнучин, министер за финансии.

Објавил: Македонка Димкин | 22 март, 2020 19:14

По 3000 долари, за секое семејство во Соединетите Американски Држави

Фото/Текст извор: ©Фоксњуз

Федерални власти на САД размислуваат да доделат по 3.000 долари на секое четиричлено семејство, и неповратни заеми за малиот бизнис во тек на две недели како мерки за поддршка на економијата во екот на епидемија на коронавирусот во САД.

Ова денеска за телевизијата „Фокс Њуз“ го изјави Стивен Мнучин, министер за финансии.

»Парите на семејствата ќе бидат исплатени со директни депозити на сметка во банка или во форма на чек (по пошта). Заемите за малите бизниси ќе бидат неповратни, како заштитна мерка на паричниот промет во тек на две недели, за компаниите да можат да исплатат плати на работниците и за други трошоци, изјави Мнучин.

Тој истакна дека вкупната помош за економијата на САД ќе биде во висина од 4.000 милијарди долари, сума без преседан што досега никогаш не била исплатена за време на криза. На вонредна седница, Конгресот денеска дискутира за пакетот мерки, и според Мнучин, пакетот треба да бидат изгласан утре.

»Мораме да ги пуштиме парите во оптек, и ако го сториме тоа, сметаме дека економијата ќе се стабилизира. Претседателот со право очекува ситуацијата да се подобри за четири до осум недели од сега, изјави тој. Додаде дека финансиската криза нема да трае со години и „ќе направиме се да победиме оваа година“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Иако се воведени добри мерки за контрола и превенција, бројот на новооткриени случаи брзо се зголемува.

КИНЕСКИТЕ СТРУЧЊАЦИ ВО СРБИЈА: Да се воведе полициски час од 24 часа- има премногу луѓе на улиците!

Голем број српски државјани не носат заштитни маски и на улиците има премногу луѓе,...

Бројот на смртни случаи од вирусот корона во Њујорк се искачи на 4.159 бидејќи вирусот се рашири на над 120.000 луѓе.

ЗАСТРАШУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД ЊУЈОРК: Телата на умрените стојат во ходниците (ВИДЕО)

Десетици вреќи беа видени во болничките ходници во Њујорк, наредени еден врз друг,...