Тој вели дека во времето поминато во изолација успеал да извлече и поука.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 август, 2020 16:53

По 40 дена пејачот Спасен Сиљановски успеа да го победи коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Познатиот македонски фолк пејач, Спасен Силјановски на својот официјален Фејсбук профил објави дека поцели 40дена конечно успеал да гопобеди коронавирусот и има два последователни негативни тестови на ковид-19…

Спасен Силјановски пред 10 години бил професионален војник во АРМ, млад човек со спортски дух исполнет со патриотизам и врвен професионалец во својата област. Тој денес е еддн од најпознатите македонски фолк пејачи…

Од срце ви благодарам на сите вас кои несебично ми ја дававте вашата поддршка и ви посакувам беспрекорно многу здравје.

Им посакувам здравје и на оние кои го посакуваа мојот трагичен крај но Спасен Сиљаноски е Лав и се бори до крај така да не им се исполни желбата но ќе кажам само едно “Простиим Господе незнаат што прават”.
Ќе ми извините сите но најголемото БЛАГОДАРАМ ќе го дадам на мојата сопруга затоа што иако знаеќи дека може да се зарази од мене сепак не ме остави сам ниту една секунда.

Тој вели дека во времето поминато во изолација успеал да извлече и поука.

Научив кој ми се вистински Роднини, другари, пријатели, колеги, а научив и кој се лицемери и лажни ликови кои се плеткаат во мојот живот само од личен интерес, таквите за моја среќа, а нивна несреќа ќе ги оттргнам од мојот радиус….
Иако прилично лесно се справив со болеста и со лесна физичка болка сепак имаше една друга болка многу потешка од ковид-19,а тоа беше моментот кога не смеев да си ги гушнам дечињата. Во една прилика ми рекоа: “Тато зошто не сакаш да се гушкаме и зошто не спиеш со нас? ти повеќе не не сакаш” .Си отидоа од мојата соба плачеќи, тие плачат на глас, а јас затворен плачам сам и душата ме боли неможеќи да им објснам зошто е тоа такa. Сепак има Господ и на крај нештата си дојдоа на свое место.
Уште еднаш ви БЛАГОДАРАМ БЛАГОДАРАМ БЛАГОДАРАМ !!!
п.с. Ветувам дека стојам на располагање 24/7 да ја донирам мојата крвна плазма за НЕДАЈ БОЖЕ доколку на некој му е потребна без разлика на вера, нација, боја, бидеќи секој живот подеднакво е важен….Ве сака вашиот Спасен Сиљаноски и ви ветувам дека наскоро ќе ве почестам со еден нов хит.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој додаде дека ова е реализација на идејата да се примени принципот на мултимодалност во велосипедските политики со кои им се им се нуди можноста безбедно да ги паркираат своите велосипеди кај Транспортниот центар од каде што ќе можат да продолжат да користат воз, меѓуградски автобус или некој од градските и приградските автобуси на ЈСП Скопје.

ОТВОРЕН ПРВИОТ ВЕЛОШТАД ВО СКОПЈЕ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на делегацијата на ЕУ...

За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање.

Никола Груевски имал план за создавање нов град: Еве каде требало тој да се наоѓа

По 10 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ, веќе 4 години не е на власт. Во периодот на нивното...

Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

Филипче најави набавка на брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ министерот за здравство доц. д-р Венко...

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Позната здравствената состојба на војниците кои утринава беа повредени во сообраќајна незгода!

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте...