Најскапо нè чинел пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ. Патува од Струга, тоа го чинело 47.450 евра.

Објавил: Стојче Бушин | 27 јули, 2020 8:20

По 47.000 евра патни трошоци за пратеник – ТВ21 открива: Колку нѐ чинеше последниот парламентарен состав?

Фото/Текст извор: ©ТВ 21

Од 500 па до 47.000 евра земале пратениците за патни трошоци во деветтиот парламентарен состав. Рекордери најчесто се пратениците на СДСМ и коалицијата кои патуваат од внатрешноста до своето работно место. Вкупно за патни трошоци потрошени се 1.495.996 евра.

Најскапо нè чинел пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ. Патува од Струга, тоа го чинело 47.450 евра.

Втора на листата исто така е пратеничката од СДСМ, Бети Рабаџиевска-Наумовска од Ресен со вкупен износ од 45.918 евра. Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди кој патува од Струга, за тригодишниот мандат земал 42.261. Следува неговата колешка Делчево, Мира Стојчевска. Таа за три години инкасирала 41.632 евра.

За 1.000 евра помалку потрошил нејзиниот опонент од Битола, Зоран Илиоски – 40.692 евра. Следува поранешната пратеничка на ДПМНЕ, а по уставните измени независна, Емилија Александрова од Берово. Пријавила 36.287 евра патни трошоци. 

На листата следуваат Хари Локвенец од Прилеп со 35.774 евра, Милева Ѓоргиева од Радовиш 34.358 евра, Агим Шаќири од Струга, 33.379 евра и последен на листата од ТОП 10 се наоѓа Димитар Стевананџија кој за патни трошоци од Прилеп, инкасирал 31.705 евра државни пари.

10 пратеници кои потрошиле најповеќе за патни трошоци 2016-2020

Алија Камберовски 47.450 €

Бети Рабаџиевска Наумовска 45.918 €

Сурија Рашиди 42.261 €

Мира Стојчевска 41.632 €

Зоран Илиоски 40.692 €

Емилија Александрова 36.287 €

Хари Локвенец 35.774 €

Милева Ѓоргиева 34.358 €

Агим Шаќири 33.379 €

Димитар Стевананџија 31.705 €

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Според него, Владата за три месеци го зголемила јавниот долг за една милијарда евра, додека индустрискиот развој, капиталните проекти и економската размена бележат драстичен пад.

Мицкоски за новиот пакет мерки: „Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен“

Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен, вели лидерот на опозицијата Христијан...

Таа смета дека Мицкоски треба да замине од лидерската позиција на легален начин, односно да даде оставка и членството да си го избере лидерот.

Исмајлоска: Ако Мицкоски е толку сигурен во поддршката, ајде нека гласа цело членство

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, која беше исклучена...

Протестот почна во 18.30 часот пред Министерството за правда, а продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи!

Мицкоски: Македонија освен мафија има народ кој си ја сака државата- овој народ го сака Делчев бидејќи е симболот на Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест се појави со црвена маичка со ликот на нашиот...

Започнуваме од денеска, но во деновите коишто следат ќе видите и други примери и други случаи на окрупнување на разни структури во рамките на опозицискиот блок.

ИНТЕГРА преминува во ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одржа прес-конференција пред партиското...