Инаку, на истокот на државата, поради излевање на Крива Река, од АМСМ соопштија во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с. Варовиште и с. Градец. Исто така, во с. Пчиња (Кумановско) има насобрани дрвја и гранки под мостот на р. Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.

Објавил: Мате Парлоф | 17 јуни, 2023 16:33

По 7 часа чекање, патниот правец Градско-Прилеп повторно пуштен за сообраќај

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/360

Екипите на „Македонија Пат“ по седум часа конечно го расчистија патниот правец Прилеп-Градско кој беше непрооден од рано утринава поради излевањето на Реачка река, но и поради свлечиште.

Како резултат на обилните врнежи рано утринава на патот кај местото кое се нарекува „Мотел Дреново“, се насобра огормно количество вода, додека кај „Плетвар“ пред тунелите имаше свлечиште и одрон на карпи!

Инаку, на истокот на државата, поради излевање на Крива Река, од АМСМ соопштија во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с. Варовиште и с. Градец. Исто така, во с. Пчиња (Кумановско) има насобрани дрвја и гранки под мостот на р. Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...