Таа се гони за помагање на убиството, а осомничениот извршител Али Фуркан е во бегство.

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 октомври, 2021 13:01

ПРАВДА ЗА ПИНО: Ангела пак осудена на 19 години затвор за убиството на Пино Секондо

Фото/Текст извор: ©24 info

Скопјанката Ангела Ѓоргиевска (22) во повторниот судски процес за убиството на Пино Секондо, денеска е осудена на 19 години затвор, откако скопска Апелација ја укина првостепената осудителна пресуда со која беше осудена исто така на 19 години затвор во јули лани. 

Таа се гони за помагање на убиството, а осомничениот извршител Али Фуркан е во бегство.

Судот одлучи таа да остане во притвор до правосилноста на пресудата. Судскиот совет информираше дека го одбил барањето на Георгиевска да се одложи судењето поради смртта на татко ѝ во саботата, но поради празникот и неработните денови истото не можело да биде прифатено.

Георгиевска на првото судење изјави дека не е виновна и дека не сторила ништо од тоа што ја товарат, а во предистрагата била два пати на полиграфско тестирање, според кое ја зборувала вистината. Апелациските судии ги уважиле жалбите на одбраната и ставот на Вишото обвинителство за утврдени суштествени повреди на постапката, односно неутврдена фактичката состојба во делот на изведени докази- не е најдена пушката со која е извршено убиството, ниту точно е прецизирано времето, начинот и местото на убиството.

Според обвинението, на 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило „Опел Аскона“, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот„Шкода“ со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште. Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.

Притоа, обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост. Таа го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со ќебе.
Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Ваквиот предлог обвинителот го темели особено на опасноста обвинетата да се даде во бегство, соочена со кривична одговорност за тешко кривично дело, како што тоа го направил соизвршителот кој се уште е недостапен на органите на прогонот. Исто така, постои основан страв дека обвинетата би можела да ја попречува кривичната постапка, да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...