Велигденските јајца се обележје на големиот христијански празник Велигден. Јајцата се бојосуваат (вапцуваат) и се украсуваат во текот Велика недела (Страсна недела), најчесто на Велики четврток или Велики петок.
Во западните земји боењето на кокошкините јајца веќе застарува и се повеќе се користат јајца од чоколадо или пластични јајца се полнат со бонбони.
Има различни легенди за традицијата за вапцување јајца. Една од нив е дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, една кокошка дошла и под него снесла јајце. Крвта од лицето на Исус капела врз него и го обоила во црвено.
Затоа и денес првото јајце се бојадисува во црвено, а потоа најстарата жена во семејството со него ги трие децата по образите или им исцртува крст по челата за здравје. Останатите јајца се обојуваат во различни бои и се цртаат. Сината боја ја симболизира непорочноста, виолетовата – крстот, зелената – Христовите ученици, а жолтата – самиот Бог.
Бојосаните јајца обично се ставаат во кошница наполнета со слама така што наликува на птичјо гнездо.
Но и покрај естетиката, важно е да се води грижа и за здравјето.
– Купете чисти и неоштетени јајца;
– Најдобро е да ги варите 12 минути од моментот на вриење;
– Насликајте колку јајца колку што сте сигурни дека ќе се јадат, затоа што е голем грев да се фрли храна, особено велигденски јајца;
– Јајцата што се извалкани, излупени и без оштетена обвивка, стојат на собна температура неколку часа или извадени неколку пати од фрижидерот, треба да се јадат во рок од еден до два дена.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.