Апатичноста и ароганцијата на мнозинското население во Македонија има голем удел да тоа што живееме во паралелни светови и културни енклави.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 26 февруари, 2020 12:46

Правиме огромна неправда кон албанскиот народ во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин

Во македонскиот јавен простор се забележува отсуство на говор за албанското население во Македонија и за Албанците воопшто. Ова денешна ситуација е многу позагрижувачка од она која ја имавме пред конфликтот во 2001 и склучувањето на Охридскиот Рамковен договор. Пред конфликтот во 2001 година македонскиот јавен простор беше опфатен со стереотипи, постоеше и говор на омраза и непријателство, денеска постои апатија која не може да роди никаков дијалог што е пресуден за демократичноста во Македонија. По конфликтот се создаде целосно разделување на Македонците и Албанците дури и создавање на културни енклави во кои не се комуницира меѓусебно ни за добро, ни за лошо. Единствениот дијалог е оној помеѓу албанските и македонските политичари, во нивното меѓусебно кокетирање за доаѓање на власт, во принцип и таа соработка е ретка и се сведува на трампа на интереси а не на реален дијалог.

Македонското население е сосема апатично и со игноранција се однесува кон албанското население така што ние скоро и да немаме никаков увид во историјата, навиките, менталитетот и вредностите на луѓе со кои живееме на заедничка територија и со кои заеднички градиме држава, институционализација и политика. Под големата генерализација кон албанското население во Македонија се кријат многу нишки на различност. Албанците не се исти меѓу себе, напротив ги разликуваат многу работи кои често се причина и за нивното заемно несогласување. Внатрешните конфликти помеѓу Албанците ниту ги гледаме, ниту ги анализираме. Иако доколку постои доволно познанство на едните со другите, сигурна сум дека еден Македонец може да најде многу повеќе заеднички работи со Албанец отколку со друг Македонец. Еманципиран и чесен Македонец има повеќе заеднички работи со еманципирен и чесен Албанец одошто со некој Македонец кој е насилен, тепа по дома се живо и лечи комплекси на свои најблиски.

Распространетоста на албанското население низ Европа. Во Македонија побројни се Гегите.

Ако се зачести присуството на Албанците во македонскиот јавен простор, тогаш ќе имаме прилика да ги слушнеме нивните ставови, размислувања, да ги запознаеме нивните вредности и навики, да се согласиме, да не се согласиме, да се критикуваме, но мора да постои дијалог за да изгладиме односи и да ги почитуваме разликите. Не можеме да живееме во сегрегиран свет во кој ако поминеш на улица и видиш Албанец се однесуваш како да си поминал покрај дух и не го ни забележуваш неговото присуство. Не можеме да гледаме џамија секој ден пред нас, а да не се запрашаме каква е нејзината улога, кои се тие луѓе што одат таму, што бараат, што џамијата во себе носи како симболика.

 

Генерално Македонците се нељубопитен народ и поради тоа се доста традиционални

Помеѓу македонското население, традицијата има незаменлива општествена важност, дури и поголема од образование и медиуми. Албанското население е исто така традиционално и тоа е причината за затвореноста на двата народа во својот внатрешен културен свет. Ксенофобичноста на едните и на другите придонесува да се избегнува контакт или тој да се одржува само кога мора и колку мора. Никогаш не ми било јасно како на Македонец не му пречи странец од Германија, Австрија, Унгарија, ама му пречи присуството на Албанецот. Не е дека баш имаме повеќе заедничко со еден Германец одошто со еден Албанец од Македонија. Во исто време додека се фасцинираме од егзотичноста на некои народи и плаќаме скапи авионски карти и хотели да видиме како живеат луѓето низ светот, ние не дозволуваме да го запознаеме ниту сопствениот народ, ниту народот кој живее со нас под иста државна капа и за кои важат исти државни и институционални правила.

Пријателствата, врските и браковите помеѓу Македонците и Албанците се табу кој го поставуваат и едните и другите. Што помалку мешање толку подобро и за едните и за другите. Како е можно традицијата, стереотипите и митовите да успеваат да ја контролираат природната потреба на луѓето од меѓусебно запознавање, од радозналоста, од пријателството што настанува како резултат на потребата од игра, на љубовта помеѓу луѓето? Како е можно да сме толку затворени во своите светови и да не гледаме колку шаренило во него постои? Можеме ли да градиме просперитетно и општество базирано на солидарност и човечност со волкава поделеност помеѓу луѓето?

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна


Корона вирусот го смени светот. Ваков хаос не може да се создаде без план, ниту пак да помине без некој моќен да извлече ќар од оваа ситуација.

ЛАТАС: СЕВЕРНА е банкрот држава- СДСМ ќе си заминат богати, а ние ќе останеме со последици и долгови!

Епидемијата е во фокусот на внимание. Секаде. Работите околу вирусот, советите, теориите...

Владата мора да најде пари за плати на сите вработени од фирмите на кои им е наредено да престанат со работа: угостителство, туризам, транспорт, школи, факултети, трговски центри...

ЛАТАС: Филипче не е супермен- Никаков херој не е, туку збунет човек кој не ја контролира ситуацијата

Состојбата ни е вонредна. Сега и официјално. Вонредната состојба Пендаровски и Заев...

Ние немаме друг начин да го споделиме со вас она што допира со нас, освен да пишуваме на социјалните мрежи и еден помал дел од нас и во медиумите.

ВЕДНАШ ПРЕЗЕМЕТЕ МЕРКИ: Влегуваме во италијанско сценарио, време е за вонредни мерки!

Не сум сигурен, но мислам дека неколку наши државни раководители, коишто деновиве...