
Македонија
Трагедија
По пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје вчера почина државниот правобранител за подрачје Велес, Борче Пинев.
Тој се здоби со тешки повреди од настан кој го евидентираше МВР:
„На 25.07.2020 околу 12.45 часот било пријавено дека пред зграда на ул.„Крсте Мисирков“ во Велес, Б.П.(46) од Велес се повредил при пад од дрво“.
Пинев кој беше дипломиран правник и кој претходно работеше како адвокат, на функцијата државен правобранител беше именуван пред осум години.
Пинев беше сопруг и татко на две ќерки.
Филипче утрово информираше дека во тек е трансплантација на бубрезите кај двајца пациенти кои со години биле на анализа и изрази благодарност до семејството на дарителот.
„Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи“, напиша Филипче.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.