СМК со огорченост ја осудува агресијата на Софија врз Македонскиот народ, со флагрантно кршење на меѓународното право и грубо мешање во внатрешните работи на суверна и самостојна држава Македонија!

Објавил: Перо Милчин | 15 декември, 2020 7:38

ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ПОД АГРЕСИЈА НА СОФИЈА СО ФЛАГРАНТНО КРШЕЊЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја отфрла како измама, изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева за НОВА ТВ “Најголемата манипулација од Скопје е дека им го ускратуваме правото на самоопределување“, со цел да ја доведе домашната и меѓународната јавност во заблуда.

СМК со огорченост ја осудува агресијата на Софија врз Македонскиот народ, со флагрантно кршење на меѓународното право и грубо мешање во внатрешните работи на суверна и самостојна држава Македонија!

СМК потсетува дека правото на самоопределување на народите е универзално неприкосновено, неотстапно и неотуѓиво утврдено во членот 1 од Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации! Никој никому не дава или одзема, ниту може да ограничи или дефинира право на самоопределување!

Правото на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ е веќе апсолвирано со возобновувањето на државноста на Македонија во Втората светска војна на страна на антифашистичката коалиција!

СМК и’ укажува на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, дека идентитетот не е само народот и јазикот, правото на самоопределување не подразбира само право на име на народот и име на јазикот, туку името на државата е идентитетот на народот! Правото на самоопределување подразбира право на име, народ, држава, култура и историја во континуитет, а не во дисконтинуитет како што посакува Софија!

СМК декларира дека на Македонците не им треба софиското признавање на правото на самоопределување од 1944 година, со признание: До 1944 година сме биле Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, во Бугарија нема Македонци, во Втората светска војна Македонија не била под фашистичка бугарска окупација туку под бугарска администрација!

СМК потврдува дека Македонци не станавме од 1944 година како што Софија посакува: Наводно да ја признае реалноста од Македонски народ и јазик од 1944 година, под услов марионетската влада на Заев да прифати дека историјата до 1944 година и се’ во Македонија дотогаш било бугарско! Македонци сме отсекогаш засекогаш! Македонскиот јазик не постои од неговата кодификација во 1945 година како литературен Македонски јазик, тоа е чин на службеност на државноста, Македонскиот јазик постои милениуми пред 1945 година! Македонци сме, Македонски зборуваме во континуитет од пред нашата ера до денес! Македонската историја не познава дисконтинуитет! Ниту сме дошле од зад Карпатите со трска в уста преку Дунав, па затоа што ја населивме територијата на Македонија се нарековме Македонци за да не не’ поистоветат за Срби, Бугари или Грци! Македонци сме затоа што отсекогаш засекогаш сме овде во Македонија и затоа што како Македонци ја нарековме нашата земја Македонија! За оваа вера на Македонците не им треба цертификат од Белград, Софија, Атина или Тирана, од Брисел и Стразбур!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, го отфрлаат бугарскиот хегемонизам и Санстефанска Голема Бугарија од 3 март 1878 година, во чии рамки би била Македонија, која никогаш не постоела, ниту ќе постои!

Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...