
Македонија
Вести
Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата во Собранието минатата година вели дека размислува дали да поднесе барање за амнестија.
За тоа како ќе постапи, ќе знае кога ќе се консултира со својот адвокат.
Не знам дали ќе побарам амнестија за себе, за тоа ќе се консултирам со адвокатот. Дека емоциите не вовлекоа во тој оган – не вовлекоа, дека е направено тоа што е направено – е направено.
Доколку е законски и е се во ред, ќе се консултирам со адвокатот и во зависност од неговото мислење, ќе одлучам дали ќе побарам амнестија за себе. – вели пратеникот Арнаудов.
Во рок од пет дена од денот на влегување на законот во сила поднесуваат барање до првостепениот суд пред кој се води постапката.
Судот за пет дена го носи решението доколку се исполнети условите од законот, а по претходно прибавено мислење од надлежен јавен обвинител.
Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски се петтемина пратеници обвинети за настаните во Собраниеот кои вчера гласаа за донесување на законот за амнестија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.