Дали унапредувањето на ќерката на пратеникот Василевски е дел од пакетот на договорот за гласање за промена на името ?

Објавил: Узунов Бобан | 11 јуни, 2019 9:04

Пратеникот Сашо Василевски сеуште наплаќа за Северна,неговата ќерка унапредена на висока раководна позиција ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Ќерката на пратеникот Сашо Василевски, Олга Василевска (26), вработена во А.Д Железници на Македонија-Транспорт во време кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, А.Д кое е во државна сопственост, деновиве била унапредена во раководител на правен сектор со плата од околу 55.000 денари. 

Олга Василевска (26) добила ракoводна позиција во МЖ Транспорт со плата од 55.000 денари. Пред гласањето на нејзиниот татко за преименувањето во Северна Македонија, била активна во политичкиот подмладок како член на ИК на УМС ВМРО-ДПМНЕ. 

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Во моментов вработени се околу 1296 вработени. 

Пратеникот Сашо Василевски е познат во јавноста како дел 8-те одметнати пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промена на уставното име Република Македонија во Северна Македонија. Сашо Василевски беше обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок во врска собраниските настани од 27 април каде заедно со Крсто Мукоски ги отворија вратите за да влезе толпата во парламентот. 

Премиерот Заев свовремено изјави дека токму со Законот за амнестија власта обезбедила двотретинско мнозинство.  

Во процесот на гласањето на Преспанскиот договор во македонскиот парламент, Сашо Василевски и другите 7 пратеници се изпазарија со премиерот Зоран Заев да гласаат за преименување на државата во Северна Македонија во замена за нивна амнестија што и се случи. Ваквиот потег на 8-те пратеници беше силно осуден од јавноста, поради тоа што другите обвинети за собраниските настани од 27 април добија високи затворски казни.


Јавноста се прашува дали унапредувањето на Олга Василевска е поради тоа што била најдобриот кандидат или тоа е дел од договорот на нејзиниот татко со актуелната власт за неговото гласање за Преспанскиот договор или евентуално гласање за новиот Закон за СЈО ? 


Сашо Василевски сега делува како независен пратеник. Роден е во Охрид и е доктор, специјалист.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно