И покрај ваквите тврдења на Ковачевски, денес 41 пратеник од власта гласаа ПРОТИВ ваквиот антипровизиски закон.

Објавил: Сара Димитрова | 16 ноември, 2022 21:14

Пратениците на СДС го одбија антипровизискиот закон на Левица – премиерот повторно ги излажа граѓаните

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната седница на Собранието, на дневен ред се најде Предлог-законот за дополнување на Законот за платен промет предложен по скратена постапка, односно т.н. антипровизиски закон за намалување на екстрапрофитите на банките – поднесен од пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно  јавно истакна дека би поддржале закон, со коишто би се отстраниле манипулациите кои ги прават банките врз грбот на граѓаните по пат на т.н. скриени трошоци и кои ги наплаќаат согласно тарифа која самите си ја донесуваат.

И покрај ваквите тврдења на Ковачевски, денес 41 пратеник од власта гласаа ПРОТИВ ваквиот антипровизиски закон.

На денешното излагање на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, истакна дека донесувањето на ваков закон значи директно олеснување на граѓаните, а нема никакви финансиски импликации по Буџетот на државата, туку дека законот бара само парите на граѓаните да останат кај нив, односно да не им ги земаат банките коишто преку ситни крадења профитираат на ниво на година по 40-50 милиони евра.

Исто така, пратеникот Димитар Апасиев потенцираше дека донесувањето на ваков закон значи дупло поголема помош од повратот на ДДВ, односно со 0 денари буџетска интервенција им се остава на граѓаните дупло повеќе пари од повратот на ДДВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено, во новиот Закон за заштита на потрошувачите, донесен во СКРАТЕНА собраниска постапка со европско знаменце, на сите трговци во државата се наметнува обврска амбалажите, налепниците, сертификатите, декларациите, гарантните листови и останатата документација на производите да ја испишуваат и на албански јазик и неговото писмо.

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА Владејачката...

Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и поранешниот министер за здравство Бујар Османи, актуелен вицепремиер за европски прашања и и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија!

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ОСОМНИЧЕН ВО НОВА ИСТРАГА НА СЈО „ПАЦИЕНТ“

Во истрагата под кодно име „Пациент“, една од шесте што ги објави денеска Специјалното...

За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Украдено возило на Итната помош од кочанската болница, полицијата го пронашла по петчасовна потрага

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото...

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

Со „мерцедесот на Груевски” Штајнмаер дојде во Кавадарци!

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер вчера попладне...