Партиските разлики треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 февруари, 2021 10:03

Пратениците од опозицијата да соберат храброст и да ги повлечат 2000 амандмани со кои го бликираат Законот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Граѓаните заслужуваат современ Клинички центар. Ги повикувам пратениците од опозицијата да соберат храброст и да ги повлечат 2000 амандмани со кои го бликираат Законот, вели министерот Венко Филипче.

Тоа не се амандмани кои се конструктивни, тоа се амандмани кои се таму ставени само Законот да не може да помине.

Секогаш кога опозицијата сака да направи таква работа обвинува за криминал, за дивоградби.

Од самиот почеток постапката за изградбата на Клинички центар е отворена и транспарентна.

Претходниот проект што го стопиравме не беше вистински Клинички центар, само нова зграда за интерни одделенија, а останатите Клиники остануваа надвор од новиот блок, тој проект чинеше 120 милиони евра, истакна Филипче!

Со новиот Клинички центар ќе се овозможи интегриран систем на здравствена услуга како што е пракса секаде во светот, за разлика од претходниот проект, сега е планирано Клинички да се гради на државно земјиште, за што нема да се потребни дополнителни средства за обештетување на приватни имоти како што претходната власт планираше, со изградбата во Злокуќани.

Партиските разлики треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Сакам да потенцирам дека вакцинацијата е доброволна и сите кои што сакаат да се вакцинираат мора да пополнат формулар за вакцинација во кој ќе изразат желба и согласност за вакцинација.

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ Д-Р ХАСАНИ: ГИ ОХРАБРУВАМ СИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГО СЛЕДАТ ПРИМЕРОТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ

Според планот за имунизација против КОВИД-19, од вчера во модуларната болница на КИБФС...