Од утре Груевски веќе не е пратеник, но неизвесно е дали Павле Богоевски ќе остане пратеник или сепак ќе се повлече од Собранието?

Објавил: Данаил Михајловски | 10 јуни, 2019 12:39

Пратениците утре ќе ја констатираат оставката на Груевски, на потег е Талат Џафери!

Фото/Текст извор: ©магазин

Собранискиот спикер Талат Џафери, ќе ја достави писмената оставка од екс-премиерот Груевски до пратениците. На денешната координација кај првиот парламентарец партиите ги изнеле своите ставови, со исклучок на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со чиј координатор Џафери ќе има одделна средба. Од собраниски извори дознаваме дека спикерот Џафери на координаторите од СДСМ, ДУИ, независната пратеничка група и Алијансата им објаснил дека според изборниот законик, член 152, на пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако поднесе оставка и дека во тој случај нема потреба од гласање и надгласување, туку собранието само ја констатира оставката на првата наредна седница.  А првата наредна седница на собранието е утре. Со ова паѓа во вода идејата на пратениците од СДСМ да се гласа посебно за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. Намерно или случајно, испаѓа дека со поднесувањето на оставката Груевски тактички ги издрибла пратениците од СДСМ, ускратувајќи им го задоволството да му го одземат мандатот со 80 пратеници, но и ги доведе во незгодна ситуација, бидејќи би било многу чудно СДСМ да биде против тоа на Груевски да му биде констатирана оставката и тој веќе да не биде пратеник. Доколку одат на таа опција ќе испадне дека пратениците од СДСМ всушност сакаат Груевски формално да остане пратеник, за да го користат како политички изговор за партиски препукувања.

Павле Богоевски (1986, Скопје) – активист на Шарената револуција и пратеник во Собранието, за кого во јавноста се појавија снимки дека нарачувал дрога за лична употреба или за трето лице. Дел од јавноста побара од пратеникот и да направи нарко-тест во МАНУ, со давање на влакно од коса, за да се утврди дали е наркоман или тоа се само шпекулации. Под притисок на јавноста, Павле Богоевски ја најави својата оставка, но истата ја услови со гласањто за одземање на мандатот на Груевски. Но, такво гласање можно е и да нема.

Доколку не се гласа за одземање на мандатот на Груевски, се поставува прашањето дали пратеникот Павле Богоевски од СДСМ ќе ја поднесе оставката што ја најави. Богоевски, под притисок на јавноста после скандалот со незаконската набавка на “пола грам“ кокаин или канабис, беше принуден да ја најави својата оставка, но при тоа кажа дека “оставката ќе биде активирана по пленарната собраниска седница на која ќе гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски“. Сега бидејќи за пратеничкиот мандат на Груевски нема да се гласа, не е сигурно дали Павле Богоевски ќе продолжи да биде пратеник или сепак ќе поднесе оставка. Второто прашање е дали пратеникот Богоевски ќе одговара за прекршување на членовите 215 и 216 од кривичниот законик, за нелегална набавка на дрога?

Минатата недела, поранешниот премиер Груевски, кој доби азил во Унгарија по изрекувањето на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“, испрати нотарски заверена писмена оставка на унгарски јазик, која деновиве беше преведена на македонски јазик во собранието. На местото на Груевски, после констатирањето на оставката и известувањето на ДИК, треба да седне пратеникот Ѓоко Камчев, дипломиран политиколог од Валандово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Во оваа прилика ќе ги набројам само местата каде според пристигнатите резултати имаме убедлива победа. ДУИ победува почнувајќи од Тетово со убедлива победа во сите избирачки места, голема разлика се бележи во Сарај, Чаир, Кичево, Теарце, Струга, Дебар, Битола, Преспа и Сопиште, изјави Османи.

ДУИ прогласи победа во Тетово, Кичево, Сарај, во Чаир се славеше со огнено оружје

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на втората прес-конференција по завршување на изборниот...

Резултатите објавени од ДИК не се финални и ќе се проверуваат сите записници од сите избирачки места. Победата на Коалицијата МОЖЕМЕ е чиста како солза и разликата со ВМРО ДПМНЕ е најмалку 3 мандата, напиша Зеќири!

ЗЕКИРИ: Победата на Коалицијата МОЖЕМЕ е чиста како солза

По обработка на околку 75 отсто од податоците СДСМ и коалицијата „Можеме“ на овој кристално...

Според симулацијата на ДИК, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ ќе има 46 мандати, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 16, Алијанса за Албанците 12, а Левица и ДПА по еден мандат.

СДСМ 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 16, АА-ААА 12, а Левица и ДПА по 1 пратеник

Со пребројани резултати од 99% од избирачките места, симулацијата на Државната изборна...

Тој истакна дека иако овие избори се поразлични од другите, сепак не се и помалку важни и изрази верување дека денешниот ден ќе донесе заеднички успех на сите во државата. 

ЗАЕВ: Овие избори се поразлични, но не и помалку важни- денеска граѓаните гласаа за иднината на државата!

Денеска во Струмица го остварив своето гласачко право, како придонес кон големата...