Дали власта ја бојкотира дијаспората ?

Објавил: Узунов Бобан | 5 август, 2019 9:05

Пратенокот Димков: “Градоначалничката на Битола и власта ги игнорираа Македонците од целиот свет во битолско Трново”

Фото/Текст извор: ©магазин

За прв пат после половина век, власта целосно ја бојкотира една од најзначајните манифестации што се одржува во битолското село Трново, во чест на големиот национален и верски празник Илинден. Во присуство на нашинци од дијаспората, гости од Албанија и Грција, на Семакедонската средба на која се одбележуваа – 48- та иселеничка средба и 39-тата погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, организаторите од Матицата на иселениците, од здружението “Македон“ и од Светскиот македонски конгрес, но и сите гости, имаа можност на дело да видат како овој пат Илинден наместо да обединува, разединуваше.

На средбата во Трново присуствуваа и претставници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и пратеникот Трајче Димков.

Toj на Фејсбук напиша дека средбата ја игнорирала и градоначалничката од Битола, која не испратила ниту претставник, а немало претставници ниту од Владата.

“Какви сме такви сме! Колку сме,толку сме,токму сме! Ова се нашите македонски работи,меѓу нас може да има битки,натпревари,судири на концепти,на интелектуална мисла,но меѓу нас МАКЕДОНЦИТЕ,ГРАЃАНИТЕ на МАКЕДОНИЈА не смее,ама,не смее да има различно мислење за РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Под мотото „Човекови права за сите и против секаква дискриминација и асимилација“, Се одржа 48. Семакедонска и 39. Погранична средба на Македонците ја организираа Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“. На ова средба присуствуваа Македонци од цел свет.

На ова средба присуствуваа од политичката партијата ВМРО ДПМНЕ,ПОДЕМ и Социјалистичка партија. На средбата говореше и Васил Стерјовски,пратеник во Собранието на Република Албанија и генерален секретар на македонската партија во Албанија”Македонска алијанса за европска интеграција”,. На средбата говореше и Архимандритот Никодим Церкњас или по наше Никола Черкнаов од Сбтско во Егејскиот дел на Македонија.

Поздравен говор одржа и Ефтим Митревски советник во советот на општина Пустец во името на градоначалникот на општина Пустец,господинот Пале Колефски.
(Така се прави кога градоначалникот не може да дојде си праќа свој преставник)

Но, во нашиот случај градоначалничката на Битола не присуствуваше на ниту еден настан поврзан со Илинден во Битола,не испрати ни свој преставник. Исто немаше преставник ниту од владата на Републука Македонија.

Почитувана власт не смеете да го игнорирате сопствениот народ не смеете да се криете.
Овој народ заслужува почит.
Овде треба да сме обединети”, напиша Димков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Многу ми е жал што луѓето кои не веруваат дека вирусот постои, само поради тоа што не можат да го видат со голо око..

Уредникот на Канал 5 кој беше заболен од Ковид-19: Скептиците нека ми објаснат дека нема корона и од што почина татко ми!

Кој може мене, на сестра ми и мајка ми, да ни објасни од што почина татко ми, ако „нема...

На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.

ДО СЕГА НЕ ВИДЕН СКАНДАЛ: Катица Јанева по гаќи и градник во Државниот завод за ревизија!

Според записникот на МВР до кој дојде КУРИР поранешната специјална обвинителка Катица...

Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.

Карантин за Скопје, Тетово, Штип и Куманово од утре 21 до понеделник до 05 часот?

Предлогот на Комисијата за заразни болести е да се воведе карантин за престојниот...