56- годишната Шарман која е вработена во Кралскиот колеџ во Лондон тврди дека мора да постои живот и надвор од планетата Земја пренесе Би-би-си.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јануари, 2020 10:47

Првата Британка астронаут тврди: Вонземјани постојат и живеат меѓу нас?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првата британска астронаутка Хелен Шарман за списанието „Обсервер“ тврди дека вонземјаните постојат и можно е тие веќе да се наоѓаат меѓу нас на Земјата.

56- годишната Шарман која е вработена во Кралскиот колеџ во Лондон тврди дека мора да постои живот и надвор од планетата Земја пренесе Би-би-си.

Шарман е првата од седумте Британци што биле во вселената…

Шарман во 1991 година ја посети советската вселенска станица „Мир“.

– Вонземјаните веројатно не се како луѓето. Можно е тие да се веќе меѓу нас и ние едноставно да не можеме да ги видиме – вели Шарман.

Шарман упати критики до медиумите и вели дека таа всушност е првата личност од Велика Британија што била во вселената а не е„првата Британка во вселената“ како што тие ја опишуваат.

– Кога Тим Пик отиде во вселената, некои луѓе едноставно заборавија на мене. Би било „нормално“ еден маж да отиде прв, но морам да кажам дека сум среќна што го нарушив тој ред – истакна таа.

На само 27 години Шарман е првата од седумте Британци што биле во вселената, и меѓудругото помина осум дена во вселената. Тоа ја направи една од најмладите луѓе што биле во вселената.

 Шарман  вели дека кога била во вселената сфатила дека живееме за луѓето што ги сакаме.

– Таму горе имавме сè што ни требаше за да преживееме, соодветна температура, храна, пијалак и безбедност. Јас дури и не размислував за физичките работи што ги поседувам на Земјата. А кога летавме над одредени делови на планетата, секогаш размислувавме за луѓето што ги сакаме – заклучи Шарман.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Состанок денеска ќе одржи Стручниот одбор за управување со итни случаи, за да процени дали епидемијата на коронавирусот во Кина е вонредна состојба на меѓународно ниво.

„ВОНРЕДНА СОСТОЈБА “: СЗО на итен состанок за смртоносниот вирус Корона

Итен состанок на Светската здравствена организација поради новиот вирус Корона од...

Оваа епидемија се шири брзо, а најризично е во градовите Пекинг и Шангај, со потврдени случаи во Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Тајван, Макао и САД. Кинеската државна комисија за здравство има и докази дека смртоносниот вирус се пренесува со дишење од пациент на пациент.

Кинескиот грип коси: Девет починати и над 400 новозаболени

  Девет смртни случаи и 440 нови случаи на инфекција со коронавирус во 13 кинески провинции...

Дождот од минатата недела врне во три сојузни држави опустошени од пожарите, донесувајќи извесно олеснување за преморените пожарникари кои од септември се борат со пожарите во Австралија.

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО АВСТРАЛИЈА: Додека на едната страна беснеат ПОЖАРИ, а на другата БУРНО невреме, поплави, град!

Силна бура проследена со град денеска погодија делови од Австралија, вклучувајќи и...

Службата за вонредни ситуации на сојузната држава Викторија објави на Фејсбук неколку фотографии на кои може да се забележат штетите од невремето, вклучувајќи и една дупка од четири метри која се отворила покрај патот.

ОВА ВИДЕО ГО ОТСЛИКУВА УЖАСОТ ВО АВСТРАЛИЈА: Еве како изгледа целата таа област

Пожарникарите деноноќно се борат да ги изгаснат 150-те пожари во државата Нови Велс...