Учениците придружувани од родителите овој викенд го користат за последни подготовки пред почетокот на новата учебна година.
Највозбудени се оние што првпат ќе седат во училишните клупи. Тие со големи потешкотии одлучуваа како ќе изгледа нивната ташна и со кои други училишни материјали ќе се пофалат пред другарите.
А, изборот е голем, бидејќи тезгите и продавниците се преплавени со училишни материјали со различни ликови од цртаните филмови.
„Јас се подготвувам за во училиште. Ми требаат тетратки, моливи, пенкала. Дали го купи сето ова или подоцна ќе ги купиш? Подоцна“.
„Почнавме да се подготвуваме за во училиште, требаат тетратки, ташни… Дали се радувате што почнува учебната година? Да, да, многу“, рекоа учениците.
Учениците од прва година во средните училишта ги оставија подготовките за по неколку дена откако претходно ќе бидат известени за предметите. Родителите, пак, се делумно задоволни од цените.
„Сега сум прва година во „Марија Кири“ за оптика, сега е почетокот, почнавме со подготовките. Но, се уште не знаеме што треба, тие ќе ни кажат што“, вели една ученичка.
Ако имате дете на училиште, минимум за подготовка ќе ви требаат околу 25 евра. Училишна ташна може да се купи по цена од 400 денари и повеќе, почетната цена на тетратките е 9 денари, моливите, пенкалата и гумите за бришење може да се најдат за 10 денари по парче, блок за ликовно може да се купи за 20 денари, а сет од боици за 50 денари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.