
Македонија
Референдум
Според првичните податоци што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб страница од обработени 30 проценти од избирачките места, “за” на референдумското прашање се изјасниле 90.94 проценти, а “против” се 6.31 проценти.
Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето “Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција”.
Одѕивот на референдумот до 18.30 изнесуваше 34.09 проценти.
На полноќ се очекува Државната изборна комисија на Македонија да ги објави и првичните неофицијални резултати по што нема да прогласи успешен или неуспешен референдум затоа што истиот немаше обврзувачки карактер туку беше консултативен.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.