Во земјава бројот на заразени од коронавирусот вчера порасна за 12, а со тоа вкупниот број на заболени со овој вирус до вчера до 12 часот изнесува 148. Од новите заразени, седум се во Скопје, а пет во Куманово. Најмладиот пациент заболен од вирусот Ковид-19 во земјава е двегодишно дете од Скопје, а позитивни на овој вирус се и неговите родители, но сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2020 10:42

Први случаи на коронавирус во Прилеп- заразени сопружници, се чекаат резултатите од синот кој бил во Србија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Прилеп се регистрирани првите два случаи на заразени од коронавирусот, потврдуваат од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Според директорот на Центарот, Драгица Николоска, заразените се сопружници на возраст преку 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје, објави Курир.мк.

-Сопружниците не биле надвор од земјава, туку нивниот син кој бил на Копаоник, Србија и се вратил пред 10-тина дена. Се уште нема резултати за него. Сега го собираме материјалот и се проверуваат контактите кои досега ги имале двајцата сопружници и нивниот син, изјави Николоска.

Во земјава бројот на заразени од коронавирусот вчера порасна за 12, а со тоа вкупниот број на заболени со овој вирус до вчера до 12 часот изнесува 148. Од новите заразени, седум се во Скопје, а пет во Куманово. Најмладиот пациент заболен од вирусот Ковид-19 во земјава е двегодишно дете од Скопје, а позитивни на овој вирус се и неговите родители, но сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во Скопје (88), Дебар (40) – од кои еден починат, Куманово (осум) – од кои еден починат, Штип (седум), Кавадарци (два), Охрид (два), Гостивар (еден).

На Инфективната клиника се хоспитализирани 29 пациенти кои се лекуваат стационарно, од кои во тешка општа состојба на респираторна машина е една пациентка, кај која во последните денови нема промена, шест се со потешка слика, но респираторно се самостојни. Амбулантски, како што информираше на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, се прегледани седум пациенти и земен е еден брис. Тројца пациенти имаат хоспитален третман, а тројца се на домашно лекување.

Од вчера Институтот за јавно здравје спроведува тестирање на сите лица кои беа во врска со директорката на Кожната клиника. Се работи за голема бројка, тие се се уште во изолација и за да нема оптоварување во лабораторијата, Филипче рече дека ќе се тестираат во неколку циклуси.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...